8-ми МАРТ – БЕЛГРАД И НОВИ САД

8-ми МАРТ – БЕЛГРАД И НОВИ САД 08.03-10.03.2024 – 3 ДЕНА – 129 ЕВРА ”Градот кој не спие” Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Поради својата атрактивност, Белград го посетуваат голем број туристи од различни делови на светот. Значајни туристички атракции се: тврдината Калемегдан, Храмот […]

15th January, 2024

8-ми МАРТ – БЕЛГРАД И НОВИ САД

”Градот кој не спие”

Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Поради својата атрактивност, Белград го посетуваат голем број туристи од различни делови на светот. Значајни туристички атракции се: тврдината Калемегдан, Храмот „Св. Сава“, Боемскиот кварт односно Скадарлија, интересни музеи, шопинг центарот Ушче и други. Една од најпосетуваните локации во Белград е тврдината Калемегдан. Тврдината е градена од 13 до 19 век. Во 19 век е трансформирана во парк, така што денес важи за историско-културен комплекс.

1 ден (08.03 – петок)

Состанок на групата во 00:30, тргнување за Белград во 01:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Пешачка тура и разгледyвање на градот: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан.Сместување во хотел. Во вечерните часовиможност за организирана свечена 8мо мартовска вечера во ресторан.

2 ден (09.03 – сабота) 

Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад и разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор – најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Посета на најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови – GUESS,NINE WEST,TOMMY HILFIGER… Враќање во Белград во попладневните часови, вечерта слободно за прошетка и уживање во Белград. Ноќевање.

3 ден (10.03 – недела)

Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на „ИКЕА“. Слободно време до 15:00 часот. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената е вклучено:
* Автобуски превоз на наведената релација
* 2 ноќевања со појадок во хотел
*Разглед на Белград – пешачка тура  
* Посета на „ИКЕА“
* Организација на аранжманот со лиценциран придружник – пратител на групата

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1.50 евра, задолжително во агенција)

* Патничко-здравствено осигурување                                                                                    

* Факултативна посета и разглед на Нови Сад, и попатна посета на  шопинг центар Инџија

 * Вечера за 8ми Март (богато мени на храна со неограничени алкохолни и  безалкохолни пијалоци)

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

*  НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !

Сподели:

Слични понуди

Instagram