Нова Година во Рим 

31.12 – 02.01 LAST MINUTE ЦЕНА: ПРОШИРЕНА ГРУПА +4 МЕСТА – 389 евра!!! 3 дена / 2 ноќевања Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги […]

6th November, 2023

31.12 – 02.01

3 дена / 2 ноќевања

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан.

Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…Секако, сите патишта водат кон Рим…

ПРОГРАМА 

1 ден 31.12 (недела) | Скопје  – Рим

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во  часот 11:20 часот. Полетување за Рим во  13:20 часот,  очекувано пристигнување во Рим во 15:00. Трансфер до хотелот и сместување. Хотелот Residence Candia 3* се наоѓа веднаш до Музејот Ватикан, така да ќе може веднаш да се види кејот на Тибар, замокот Ст. Анџело, Св. Петар, Св. Павле надвор од ѕидините. Краток вовед од локалниот водич за тоа каде би можеле да прошетате, да испиете кафе, и да се подготвите за Дочекот на Нова Година. Индивидуална прослава Новогодишната ноќ која се прославува ширум целиот град.

Индивидуална / Слободна вечер за Дочек на

НОВА ГОДИНА 2024!!! 

Ноќевање.

2 ден 01.01 ( понеделник) | Рим

Појадок..После појадок Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува  (Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција, Фонтана ди Треви, Плоштад Навона, Шпанските скали, Пантеон… После разгледот слободно време за кафе, ручек, шопинг, прошетка или едноставно уживање во Вечниот Град. Индивидуално враќање во Хотелот.  Ноќевање.

3 ден (вторник) 02.01 | Рим  

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат Римскиот форум и Колосеум, со локален водич –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо. Или можност за факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Враќање во хотел. Слободно време. Можност за прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз или индивидуално . Слободни активности.

Трансфер до аеродромот во Рим во 20:30.  Полетување за Скопје во 23:30. Слетување 01:20.

Редовна цена : 419 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:
Директен лет на релација Скопје – Рим – со авиокомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
2 ноќевања со појадок во хотел Residence Candia 3*;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за (куфер);
Туристичка такса – 6 € по лице на ден;
Билети за јавен превоз; 
Патничко осигурување;
Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич  15 еур;

Опции и цени за Факултативи:
Организирана факултативна посета на Антички Рим – 30 € (со локален водич);
Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este – 60 €;
Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич  15 еур;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција, најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите; За реализација на факултативите потребно е минимум 15 патника;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично. За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Ноа Турс.

Сподели:

Instagram