Кратово и Лесновски Манастир

Пред самиот влез на селото, карпестиот рид полн со пештери, каде се вадел воденичарскиот камен, а се молеле и испосниците го плени погледот на секој посетител. Лесновскиот манастир зазема значајно место во македонската црковна, национална и културна историја. Уште од своето основање, големата Лесновска лавра, со своите многубројни параклиси и скитови, станала расадник на многу […]

3rd June, 2021

Пред самиот влез на селото, карпестиот рид полн со пештери, каде се вадел воденичарскиот камен, а се молеле и испосниците го плени погледот на секој посетител. Лесновскиот манастир зазема значајно место во македонската црковна, национална и културна историја. Уште од своето основање, големата Лесновска лавра, со своите многубројни параклиси и скитови, станала расадник на многу нови светилници на Православната црква, почнувајќи од светиот Гаврил Лесновски, па сè до преподобниот Гаврил Светогорец, епископ Велички, чие тело почива до самиот манастир.Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се моли за неговите духовни чеда, за верниот народ на нашата Света македонска православна црква како и за сите кои со вера го повикуваат. Разглед на манастирот и манастирските скитови. Манастирската црква самата по себе плени и привлекува, а кога ќе влезете во нејзината внатрешност ве пречекува богат фрескоживопис и иконостас, кој е дело на познатата тајфа мијачки мајстори-копаничари на чело со Петре Филиповски – Гарката.

Поаѓање за Кратово. Разглед низ Кратово и слободно време за индивидуални активности. Kратово e град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер.

Цена: 500 денари

  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на Лесновски манастир.
  • Посета на Кратово

Понудата не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
Сподели:

Слични понуди

Instagram