ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кграчен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локалновреме и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.Прв ден – Полетување од СКОПЈЕ во 20.35. Слетување […]
13th October, 2021
ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ
Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг
рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално
време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.
Прв ден – Полетување од СКОПЈЕ во 20.35. Слетување во Истанбул во 00.10 часот нареден ден. Полетување за
Дубаи во 01.30 часот. Слетување во Дубаи во 07.00 часот. Трансфер до хотел. Пријавување – влез во соба е
после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање
со доплата.
Предпоследен ден – одјавување од хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер во 23 часот (late check
out на барање со доплата).
Последен ден – Полетување за Истанбул во 02.40 часот. Слетување во Истанбул во 06.35 часот и полетување
за Скопје во 08.50 часот. Слетување во Скопје во 08.15 часот.
1-4/6 ДЕН ДУБАИ – време за слободни активности или факултативни излети (со доплата на барање)
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ПОПЛАДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – согласно протоколи
во момент на престој
Попладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна
можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон
Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка
фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque,
изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот
Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски.
Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее
владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот
на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира
минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и
забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири
или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате
пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL
каде се фотографираме и ги гледаме прекрасните танцувачки фонтани. Враќање во хотелот. Ноќевање.
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги
напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со
џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигнеадреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar.
По краткиот одмор,
продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни
дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај
пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да
уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон
нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска
маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со
кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили,
иситите им се на располагање.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се
искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот.
Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат
по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за
крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате
Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од
арапска кујна (не е вклучен пијалок).
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ
цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за
минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната
цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).