Нови Сад

Нови Сад е прекрасно место каде што ќе уживате  во парковите и во стариот дел на градот, чија што архитектура потсетува на австро-унгарското владеење и никако немојте да ги пропуштите најинтересните места и објекти, кои мора да се видат.. НОВИ САД – Нова Година                       […]

29th September, 2021

Нови Сад е прекрасно место каде што ќе уживате  во парковите и во стариот дел на градот, чија што архитектура потсетува на австро-унгарското владеење и никако немојте да ги пропуштите најинтересните места и објекти, кои мора да се видат..

НОВИ САД – Нова Година

                                                                                                                                                                                                                              Автобус 4 дена/ 2 ноќевања

30 Декемри (четврток)                    СКОПЈЕ – НОВИ САД

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

31 Декември (петок)                        НОВИ САД

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта, Дочек на Новата 2022 Година, на плоштад. Ноќевање.

01 Јануари (сабота)                          ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. По појадокот факултативна полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српска Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање.

02 Јануари (недела)                         НОВ САД – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 6.320 денари (99 евра)

Цената на аранжманот вклучува:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел  *** на база 2 ноќевања со појадок

– Организирани разглед на Нови Сад со локален водич

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

– Организиран ручек во Салаш 

– Факултативна посета на Фрушка Гора и Сремски Карловци 10€

– Влезници за музеите и културно – историските споменици

– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

– Туристичка такса 1,5€  по лице на ден (се наплатува во агенција)

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.

– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Ноа Турс.

*  НАПОМЕНА:  може да се патува и со лична карта !

Сподели:

Слични понуди

Instagram