Кипар 24ти Мај

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови […]

12th May, 2023

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.

Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа. Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.

Once you fall in love with Larnaka, you will discover for yourself why both flamingos and visitors always return to their favourite Mediterranean region

1 ден (21.05 – НЕДЕЛА) : СКОПЈЕ СОЛУН ЛАРНАКА

Состанок на групата на Дрво Декор во 08:00. Трансфер до аеродромот во Солун, планирано полетување за Ларнака во 15:50 ч. Пристигнување во Ларнака во 17:50 часот, организиран трансфер до хотелот. Сместување во собите. Слободно време за прошетка покрај плажа и можност уште еднаш да се напиете кафе и уживате со поглед на морето

.

2 ден (22.05– ПОНЕДЕЛНИК):  НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА

Појадок. Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра.

Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија.

Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности.

Враќање во Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар со богата историја која датира од пред 10.000 години или неговата ,,душа”. Централно поставена, има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот.

Денес модерен космополитски град, подеднакво убав  и како град и како ресорт.  При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Соленото Езеро, Археолошкиот музеј Пиеридес. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа се посетува центарот на градот како и  црквата Св.Лазар.

Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него, до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање

3 ден: (23.05.– ВТОРНИК) – АЈА НАПА                                                                                                 

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа односно на плажата Nissi Beach

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот.

Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км  и Nissi Beach – долга 2 км на која пристигнуваме и можност за уживање во една од најубавите плажи во светот. Враќање во хотел. Слободни активности.  Ноќевање.

4 ден (24.05 – ВТОРНИК): ЛАРНАКА – СОЛУН – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка покрај плажа и можност уште еднаш да се напиете кафе и уживате со поглед на морето.Трансфер до аеродормот во Ларнака во 10:30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун е во 13:00 часот. Пристигнување во Солун во 15:00 часот локално време.

По слетувањето се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

РАНА УПЛАТА – 299  евра по лице  до 12.05 

РЕДОВНА ЦЕНА –  339 евра по лице  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба/ранец со димензии 40x30x20cm;
  • Организиран трансфер на релација Скопје-Солун-Скопје
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел  на база ноќевање со појадок Хотел Cactus  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Факултативно разглед на градот Никозија и разглед на Ларнака  –
  • Факултативна посета  на  Nissi Beach ( Аја Напа ) со пратител и трансфер – 
  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)
  • Задолжителна Туристичка такса –  (2 еврa по ноќ по лице)
  • Задолжително Патничко осигурување  250 денари

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка
Сподели:

Слични понуди

Instagram