КАПАДОКИЈА

Незаборавна авантура со неверојатен поглед на изгрејсонцето над магичните долини во срцето на Кападокија.   20.10. Среда                                   Скопје – Истанбул – Кајсери   Собир на групата во 05:30 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:35 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:10 часот. Летот за Кајсери е во 13:25 часот. […]

13th October, 2021

Незаборавна авантура со неверојатен поглед на изгрејсонцето над магичните долини во срцето на Кападокија.

Hot air balloons landing in a mountain Cappadocia Goreme National Park Turkey.

  20.10. Среда                                   Скопје – Истанбул – Кајсери  

Собир на групата во 05:30 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:35 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:10 часот. Летот за Кајсери е во 13:25 часот. Во Кајсери слетувањето е во 14:45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

  21.10. Четврток                             “Срцето на Кападокија

Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот  на 10-12 век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со живописни бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија (доколку дозволува времето предвидено за реализација). Враќање во хотел. Ноќевање.

  22.10.  Петок                                   Лет со балон

Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сертификат за летање со балон. Враќање во хотел.

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативно ве водиме на разглед во Ѓореме: општината, римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Tere, првите “самовилини оџаци”, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве уплати каде да го спиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Прошетката продолжува со посета на Црвената долина, со прекрасниот залез на сонцето во попладневните часови. Вечерта, посета на традиционален турски ресторан, со ориентални танци, музика. Нешто што навистина мора да се види и секако нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел, време за одмор и слободни активности. Ноќевање.

  23.10. Сабота                                  “Голема мистична тура„

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00 цасот. Следи целодневен факултативен излет – Голема Тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Попатно доколку дозволува времето, посета на фабриката за Оникс, каде ќе може да се види како овој полудраг камен се обработува. Подолжуваме за Кајсери. Слободно време до полетување.

24.10. Недела                                  Кајсери – Истанбул – Скопје

Летот за Истанбул е во 03:45 часот (локално време). Слетување во Истанбул во 05:15 часот. Слободно време до летот за Скопје во 07:25 часот. Слетување во Скопје 08:45 часот.

Цена за рана уплата до 08 Октомври:  24.740 денари (399 €)

Цена на аранжманот: 30.940 денари (499 €)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Кајсери – Истанбул – Скопје со Turkish airlines
  • Аеродромски такси 
  • Чекиран багаж до 20кг.
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел со 4*/ 5* во Кападокија на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) 55€ (3.410 мкд)
  • Целодневен излет “Срцето на Кападокија” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) 55€ (3.410 мкд)
  • Турски ресторан – 30€ (1.860 мкд)
  • Полудневен разглед на Ѓореме и посета на Црвената долина – 30 € (1.860 мкд)
  • Лет со балон  – во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за  цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме  непосредно пред патувањето.) 120 € (7.440 мкд )
  • Доплата за еднокреветна  соба 4.900 мкд.
  • Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.
  • За патување во Турција потребно е: вакцинален документ или ПЦР тест или Рапид тест.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми).
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Сподели:

Слични понуди

Instagram