МАЛДИВИ

НОВА ГОДИНА НА МАЛДИВИ !!! Напомени 25.12.2021 Софија – МалдивиПристигнување на аеродромот во Софија 3часа пред лет. Полетување за Малдиви во 22:00Ч. Технички стоп од 40 минути во Шарџа и продолжување за Малдиви. (времетраење на летот Софија – Шарџа 5 часа / времетраење летот Шарџа – Мале 4часа 26.12.2021 МалдивиПристигнување на Мале во 09:50ч. Локално време. […]

17th November, 2021

НОВА ГОДИНА НА МАЛДИВИ !!!

Напомени

25.12.2021 Софија – Малдиви
Пристигнување на аеродромот во Софија 3часа пред лет. Полетување за Малдиви во 22:00Ч. Технички стоп од 40 минути во Шарџа и продолжување за Малдиви. (времетраење на летот Софија – Шарџа 5 часа / времетраење летот Шарџа – Мале 4часа

26.12.2021 Малдиви
Пристигнување на Мале во 09:50ч. Локално време. Пречек од партнерската компанија и трансфер до избраниот хотел со брз брод, хидроавион или домашен лет. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.

27.12.2021 – 01.01.2022 Малдиви
Сонце, бел песок, водите на Индискиот Океан, стотици ненаселени острови, топли лагуни со лежерни нијанси на сина, тиркизна и зелена боја, „подводни градини“ од корали. Асоцијацијата што ја прави нашиот ум кога ги спомнуваме Малдивите е егзотиката, романтиката, релаксацијата и топлина што ни ги дава овој тропски рај. Ве уверуваме, токму тоа ќе го најдете овде. За сите љубители на спортови на вода и истражување на подводниот свет има можност за дополнителни екскурзии од хотелите. Веќе сте далеку од вревата и стресот, веќе сте на вашето место, островот од соништата, заливот од соништата, романтичен филм и за чудо вие сте главните ликови. Прошетајте околу вашиот речиси напуштен остров, галете ги водите на топлиот океан, нурнете во оваа жива вода, дом на повеќе од 700 видови риби. На отворен океан можете да сретнете делфини, ајкули…

02.01.2022 Мале – Софија
Појадок. Слободно време за плажа и забава. Трансфер до аеродромот во Мале за летот во 21:00 со 40минутен технички стоп во Шарџа.

03.01.2022 Софија
Слетување на аеродромот во Софија во 06:10ч.

Цените се изразени во евра и вклучуваат:

  • Авионски билет Софија – Мале – Софија со Bulgaria Air со вклучен чекиран багаж до 23кг. и рачен багаж од 10кг.
  • Аеродромски такси
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на соодветната услуга
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со брз брод, хидроавион или внатрешен лет.
  • Новогодишна вечера на 31.12.2021
  • Локален претставник за време на патувањето.
  • Осигурување кое покрива до 10 000 еур со вклучен ризик од КОВИД 19, во случај на болест во странство и покривање на лекување на лице место.

 Цените не вклучуваат:

  • Индивидуални трошоци
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се напоменати во програмата
  • Задолжителен ПЦР тест
  • ПЦР тест за назад (доколку е потребно)
  • Осигурување за отказ на патување
  • Се што не е наведно во цената вклучува

 Услови за програмата:

  • Понудата е валидна за пријавени минимум 140 патници
  • Патувањето е без медицински барања за имунизација
  • Депозит од 200 еур по лице за потврда за резервација 
  • Депозит од 500 еур до 60 дена пред датумот на патување
  • Доплата 30 дена пред датумот на патување.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација

Услови за отказ на патувањето:

  • Во случај на откажување на аранжманот пред повеќе од 60 дена пред почетокот на патувањето – депозитот се враќа на странката
  • Во случај на откажување на аранжманот помеѓу 59тиот и 31виот ден пред почетокот на патувањето – казна во висина на уплатен депозит од 700 еур по лице
  • Во случај на откажување на аранжманот во помалку од 30 дена пред почетокот на патувањето уплатените средства не се враќаат

Во случај на откажување на патувањето од страна на организаторот на патувањето уплатената сума се враќа во рок од 7 дена од денот на откажување.

Во случај на неможност за патување поради забрана или ограничувања поради епидемиолошката ситуација поврзана со Ковид19, уплатената сума ќе биде вратена во целост во рок од 14 дена од датумот на поаѓање.

 Потребни документи за патување на Малдиви
(барањата поврзани со Ковид-19 се предмет на повторна потврда бидејќи е можна промена)

  • Сите патници мора 24 часа пред поаѓањето на Малдивите и 24 часа пред враќањето во Бугарија да го пополнат QR-кодот на следната страница –  ttps://imuga.immigration.gov.mv/ethd/create
  • Валиден меѓународен пасош најмалку 6 месеци по датумот на враќање во земјата
  •  По пристигнувањето во Мале, потребен е негативен ПЦР тест за COVID-19, преведен на англиски, изведен 96 часа пред пристигнувањето.
  • Можно е да се направи PCR тест за COVID-19 на лице место во хотелот за време на вашиот престој со дополнителни трошоци.
  • Нема медицински барања за патни имунизации.
  • Не е потребна Виза
Сподели:

Слични понуди

Instagram