Божиќен викенд во Солун

LAST MINUTE – 99 евра – 79 евра 5 евра доплата за појадок во хотел. 23.12 – 24.12.2023 Секоја година, во средината на ноември во Солун започнува божиќната атмосфера, повеќето продавници, кафе-барови, слаткарници и ресторани во градот се украсуваат за претстојните празници. Отворени се и работат и во недела. Вообичаени се детски забави, како и […]

14th December, 2023

23.12 – 24.12.2023

Секоја година, во средината на ноември во Солун започнува божиќната атмосфера, повеќето продавници, кафе-барови, слаткарници и ресторани во градот се украсуваат за претстојните празници. Отворени се и работат и во недела. Вообичаени се детски забави, како и забави за возрасните каде што се поставени диџеј пултови, кривулести музички кутии, места за селфи фотографирање и разни фенси новогодишни украси на сите страни.  

Посебно убав и волшебен е за  предновогодишните и божиќните празници, исполнет со прекрасни божиќни куќички,кои нудат греано вино, топло чоколада, разни кулинарски производи, музичка програма, голем број изненадување за сите поситетели и секако прекрасно украсено.

1 ДЕН – Состанок на групата во 04:15h. Поаѓање во 04:30 часот, од Дрводекор (спроти хотел Holiday Inn). Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови околу 10:00 часот по локално време. Се посетува One Salonica – Outlet Mall. После 12:00 часот се упатуваме кон центарот на Солун каде што на плоштадот Аристотелис може да се видат многу улични продавачи на печени костени, печена пченка, бонбони и „салеп“, и каде ке имате време за  разглед на градот и прошетка покрај море, да се напиете кафе, да се почастите со некој ручек.

Во 16:00 часот локално време поаѓање кон Переа. Сместување во Хотел. Во договорено време се упатуваме кон Солун и посета на Божиќен маркет. Божиќниот маркет е во европски стил со 40 дрвени куќички, голема елка, музичка сцена и детски катчиња.

Во договорено време се враќаме во Хотелот. Ноќевање

2ДЕН – ПЕРЕА. Одјавување од Хотел. Слободно време за разглед на областа. Переа е област  кој се состои од спојување на трите града Переа, Неа Епиватес и Агиа Триада. Важи за исклучително чисто, многу добро уредено, организирано и пријатно место исполнето со многу кафичи, ресторани како и прекрасни плажи и многу елитни Хотели.  Переа е  идеално место за одмор, уживање во кафе, ручек, море, плажа и сонце .

По прошетката во договорено време се упатуваме кон Солун и посета на трговскиот центар COSMOS. Слободно време за прошетка и шопинг. Космос е еден од најголемите трговски центри во Грција и во југоисточна Европа со повеќе од 200 малопродажни единици, вклучувајќи многу модни продавници, продавници за електроника, ресторани, кафе-барови и 11 кина. Божиќната програма на трговскиот центар започнува на почетокот на декември, а повеќето од неговите внатрешни и надворешни објекти се богато украсени. Во неговиот огромен простор, можете да најдете многу креативни работилници и активности за деца поврзани со Божиќ, музички настани, куклени претстави, магични претстави и многу повеќе.

 Во договорено време заминување во Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:    
– Ноќевање во Переа
– Автобуски превоз на дадена релација                                                            
– Посета на центарот на Солун                                                                              
– Посета на Cosmos и IKEA                                                                                     
– Туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Патничко осигурување
–  Индивидуални трошоци

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка
Сподели:

Слични понуди

Instagram