MAЛТА за 23ти октомври 20.10-23.10.24

Малта, островска земја со уникатна архитектура и богата историја стара 7000 години, земја каде што Витезите на Св.Јован го бранеле христијанството. Сплетот на медитеранското синило и малтешката архитекура секој посетител го пренесуваат  од едно мистично минато до модерната денешница. 1 ден: (20.10 недела) СКОПЈЕ – МАЛТА           Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:00 часот. […]

29th August, 2024

Малта, островска земја со уникатна архитектура и богата историја стара 7000 години, земја каде што Витезите на Св.Јован го бранеле христијанството. Сплетот на медитеранското синило и малтешката архитекура секој посетител го пренесуваат  од едно мистично минато до модерната денешница.

1 ден: (20.10 недела) СКОПЈЕ – МАЛТА          

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:00 часот. Полетување за Малта во 15:00 ч. Пристигнување во Малта во 16:45 часот. Трансфер до хотелот, слободно време за прошетка покрај море и вечера. Ноќевање.

2 ден: (21.10 понеделник)  ЛА ВАЛЕТА – ТРИТЕ ГРАДА – МДИНА                       

Појадок. Можност за факултативна посета на Валета, Трите града  и Мдина. Почнуваме со организиран разглед  на Валета со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо. Прошетката продолжува со возење со фери брод, едно интересно и автентично патување до Трите града („Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea), најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Прошетка низ улиците на Vittoriosa се до видиковецот каде што се нуди поглед на големото пристаниште ( Grand Harbour). Потоа се упатуваме кон централна Малта и посета на стариот главен град на островот  Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров.  Продолжуваме кон Моста, град познат по  кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата .Враќање назад во хотел.Слободни активности. Ноќевање.   

3 ден: (22.10  вторник ) ОСТРОВОТ  ГОЗО

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Главен град на островот е Victoria во минатото познат како Rabat,  кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (23.10  среда )  МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и слободно време за индивидуални прошетки, кафе, ручек и шопинг во Буџиба, Св. Џулијан, Слиема и Qawra кои се исполнети со голем број на кафичи ресторани, продавници, маркети. Трансфер до аеродромот во Малта во 21:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 23:45 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром на 24.10 во 01:25ч. 

    РАНА УПЛАТА 349  евра по лице                         РЕДОВНА ЦЕНА –  399 евра по лице 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Директен лет на релација Скопје – Малта – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери: аеродром Малта – хотел – аеродром Малта;
  • Сместување во хотел  3* со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)  –  (информација во агенција)
  • Туристичка такса –  2 евра по лице по ноќевање – (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета  на Валета со Трите Града и Мдина  – 45 евра
  • Факултативна целодневна посета на Островот Гозо – 55 eвра
  • Патничко осигурување  300  денари

Напомени:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 10 патници.
  • Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)
  • Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не подоцна од 7 дена пред тргнување
Сподели:

Слични понуди

Instagram