Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител… 1ден / 08.03 СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ Состанок на групата на аеродромот […]
3rd February, 2024
Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител…
1ден / 08.03 СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.40 часот. Полетување за (Буве) Париз во 06.40 и пристигнување во 09.45 часот. Организиран трансфер до хотел во Париз. Ги оставаме багажите во Хотелот и следува разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Можност за посета на Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbonne, Пантеон, Луксембуршката палата, продолжуваме кон , Vendome , Операта и Gallery La Fayette.Во вечерните враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден / 09.03 МАРТ ПАРИЗ – ВЕРСАЈ- АЈФЕЛОВА КУЛА-КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Појадок. Факултативна посета (со метро )на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Враќање во градот Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден/ 10.03 ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Посета на квартот на уметниците – уникатниот Монмартр, посета на Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Можност за дегустација на познатото вино cabernet sauvign, кое во минатото потекнувало токму од лозовите насади од овој дел на градот. Разгледот продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge.Посета на Катедралата Нотр Дам, позната како „Богородичната црква во Париз“ сместена на островот Сите, формиран на реката Сена, кој е најстариот дел од Париз. По разгледот можност за факултивна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Во него се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.Попладне препорачуваме прошетка по познатата шопинг улица Риволи. Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден / 11.03 ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.20, пристигнување во 13.00 часот.
Цена за рана уплата со вклучени аеродромски такси – 479 еур до 10.02.2024
Редовна цена со вклучени аеродромски такси – 529 еур
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена: