Стразбур и Колмар

СТРАЗБУР –  НАЈУБАВАТА ФРАНЦУСКА ПОКРАИНА   07.12 – 09.12 Стразбур е град исполнет со разновидни стилови , уметност, шаренило, но и автентичност… Историјата, иако турбулентна и не секогаш питома, сепак, со секој свој чекор посеала бисери кои самоуверено блескаат низ целиот град. Еден од тие бисери е Палатата Рохан од 18ти век, која е своевиден мал […]

17th November, 2023

СТРАЗБУР –  НАЈУБАВАТА ФРАНЦУСКА ПОКРАИНА   07.12 – 09.12

Стразбур е град исполнет со разновидни стилови , уметност, шаренило, но и автентичност… Историјата, иако турбулентна и не секогаш питома, сепак, со секој свој чекор посеала бисери кои самоуверено блескаат низ целиот град. Еден од тие бисери е Палатата Рохан од 18ти век, која е своевиден мал Версај. Тука се кријат богатите Дворци и Палати на некогаш највлијателните Европски дами, Грофицата Мелани и сопругата на Наполеон, Жозефина. Во престолнината на Алзас.

Колмар, Волшебен град, шаренило, тоа е првата и најсоодветна асоцијација за ова мало и бајковито место. Сместен во североисточна Франција, во пределот на Горна Рајна во областа Алзас, со виорот на турбулентната историја, Колмар преминувал од Германски во Француски, па дури и Шведски раце, за да се издигне како Француски бисер на убавиот исток. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар. Мала Венеција, градот на Фредерико Бартолди и квалитено Колмаршко вино, комбинација од најдоброто, тоа е овој град.

  • 07 Декември  (Петок) СКОПЈЕ – БАЗЕЛ – СТРАЗБУР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот. Полетување за Базел  во 17:50 и пристигнување во 20:00 часот. Попатна прошетка до Базел. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.

  • 08. Декември (Сабота) СТРАЗБУР

Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот:  Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно време за прошетка низ Божиќниот базар во Стразбур или „Christkindelsmärik“, кој ја има честа да биде еден од најстарите божиќни базари во Европа, чие потекло датира од 1570 година. Совршено го отелотворува Божиќниот дух во регионот на Алзас, Франција. Ноќевање

  • 09. Декември (Недела) СТРАЗБУР – КОЛМАР – БАЗЕЛ

Појадок. Организиран превоз до Колмар. На влезот се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ гратчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и плоштади, се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува многу туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот дел на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден, како и шесте божиќни базари во Колмар кои зрачат со топлина и привлечна атмосфера, секој со своја посебна тема, маркетите ќе ве обвијат во магијата на Божиќниот дух која гарантирано ќе ги воодушеви и младите и старите.Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:00 часот и слетување во 23:10 часот.

              Цената вклучува

  • Авионски билет на релација Скопје –  Базел – Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
  • Организирани трансфери според програмата
  • Сместување во Хотел 3* во Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Разглед на  Стразбур
  • Факултативна посета на  Колмар
  • Доплата за уште 1 торба за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 20kg)
  • Туристичка такса (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување
  • За реализација на аранжманот е потребен  минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Сподели:

Instagram