Вила Дариа – Фурка

Вила Дарија  ~   Вашиот Дом со НАААААЈ неверојатниот поглед на море во Фурка Добредојдовте во Вила Дарија, сместена во живописната Фурка на првиот крак, идеална за вашиот следен незаборавен одмор! Само на 150 метри од прекрасната песочна плажа, оваа вила ви нуди комбинација на комфор, простор и фасцинантен поглед на заливот со тиркизна боја. Опис […]

8th July, 2025

Вила Дарија  ~   Вашиот Дом со НАААААЈ неверојатниот поглед на море во Фурка

Добредојдовте во Вила Дарија, сместена во живописната Фурка на првиот крак, идеална за вашиот следен незаборавен одмор!

Само на 150 метри од прекрасната песочна плажа, оваа вила ви нуди комбинација на комфор, простор и фасцинантен поглед на заливот со тиркизна боја.

Опис и капацитет:

Вила Дарија располага со три пространи спални соби, дизајнирани за максимална удобност плус 2 ссофи на развлекување во дневна соба:

Една спална соба со брачен кревет, со своја сопствена бања и тераса на второт кат од вилата.

Втора спална соба со два единечни кревети (twin bed), на првиот кат од вилата

Трета спална соба со два единечни кревети.

На првиот кат се наоѓа втората бања во вилата.

Во дневната соба има 3 софи од кои 2 се спуштаат и стануваат легла за спиење за 2 лица.

ВКУПЕН КАПАЦИТЕТ НА ВИЛАТА ~ 10 ЛИЦА(максимум 10 лица + 1 дете)

Сите три спални соби имаат сопствена тераса со прекрасен поглед на морето, идеална за утринско кафе додека го слушате шумот на брановите или за релаксирачки вечерни седенки под ѕвездите. За ваша погодност, на секој кат има бања, а долниот дел од вилата е опремен со клима уред за пријатна температура во текот на топлите летни денови.

Заеднички Простор за Уживање:

На приземјето ќе најдете голема и пространа кујна целосно опремена за подготовка на вашите омилени оброци. Кујната е споена со удобна дневна соба, која нуди дополнителен простор за уживање. На ова ниво има и дополнителен тоалет и директен излез кон приватен двор од 200м².

Вашата Оаза на Отворено:

Дворот е вистински рај со прекрасен, непречен поглед кон морето, совршен за опуштање, игра или уживање во оброците на отворено. Непосредната близина до плажата (само 150 метри) ви овозможува лесен пристап до кристално чистите води на Егејското Море.

Вила Дарија е совршениот избор за семејства или групи пријатели кои бараат незаборавно искуство во Фурка.

                                                                                                                                                                            ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА ПЕРИОД ОД ДЕН

 ПериодБрој на ноќи (поглед на море)
1 01/05 – 10/061105€
210/06 – 06/071195€
306/07 – 22/071285 €
422/07 – 22/081320 €
522/08 – 01/091290 €
601/09 – 10/091195 €
710/09 – 30/091105 €

НАПОМЕНА:

  • Туристичка такса во износ од 5 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
  • Во  апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
  • Сместувањето во вилата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на вилата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во вилата  во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при  склучување на договорот за патување.       
  • Важат општите услови за патувањe на Т.А. Ноа Турс.
Сподели:

Слични понуди

Instagram