RECONNECT & GLOW – Ексклузивен ретрит само за жени – водена од Лејла Рамковска

ДЕН 1 – 19 февруари (четврток) – Пристигнување & Нежен Почеток Првиот ден е посветен на тивко пристигнување и поврзување со просторот. Гостите се сместуваат во Mövenpick Resort & Spa, ја чувствуваат топлината на местото и се подготвуваат за ново поглавје.По запознавањето, следи мек круг на добредојде каде се поставуваат лични намери — што сакаме […]

22nd December, 2025

ДЕН 1 – 19 февруари (четврток) – Пристигнување & Нежен Почеток

Првиот ден е посветен на тивко пристигнување и поврзување со просторот. Гостите се сместуваат во Mövenpick Resort & Spa, ја чувствуваат топлината на местото и се подготвуваат за ново поглавје.
По запознавањето, следи мек круг на добредојде каде се поставуваат лични намери — што сакаме да отпуштиме и што сакаме да поканиме.
Денот завршува со многу нежна јога практика која го смирува телото по патувањето. Вечерната прошетка или journaling создава чувство на мир и подготвеност за претстојните денови

ДЕН 2 – 20 февруари (петок) – Ден за Тело, Дишење & Подобрување на Енергијат

Овој ден започнува со јога што ја буди виталноста и ја балансира енергијата. Утрото е посветено на движење, длабоко дишење и активирање на телото.
Средината на денот ја носи првата пилатес сесија — работа на стабилност, сила и правилна форма.
Попладнето е време за тивка нега: SPA, сауна, релаксација и престој во мирна околина.
Следува кратка, корисна нутриционистичка насока за тоа како да се храниме свесно, лесно и поддржувачки за женското тело.
Вечерта завршува со yin yoga — длабоки, смирувачки отворања кои го мекнат умот.
Денот се затвора со круг на поддршка каде се споделува, слуша и поврзува на женски, автентичен начин.

 

ДЕН 3 — 21 февруари (сабота) – Ден на Природата, Женственоста & Лична Нега.


Овој ден носи смирувачка јога наутро што ја буди флексибилноста и грациозноста. По појадокот следи тивка прошетка низ природата на Фрушка Гора — контакт со земјата, вдишување свеж воздух, враќање кон себе.
Попладнето продолжува со специјална работилница за нега на лице против стареење, каде учесничките добиваат практични совети за младешки сјај и природна убавина.
Потоа следи пилатес flow — динамичен, но елегантен, создаден да го поттикне протокот и женското чувство на движење.
Вечерната практика е медитација за женска енергија, поврзување со нежност, сила и интуиција.
Денот завршува во тишина — со читање, journaling или одмор, зависно од потребата на секоја учесничка.

ДЕН 4— 22 февруари(недела) – Затворање, Интеграција & Благодарност

Последниот ден започнува со јога посветена на благодарност и интеграција — нежни движења и кратка медитација кои помагаат да се спои искуството.
По појадокот следи завршен круг во кој секоја жена ја споделува својата трансформација, увидите и чувствата со кои заминува.
Потоа сите имаат време за последна SPA релаксација, тивко кафе, или момент сами со себе.
Денот завршува со лесно заминување, со чувство на полесно тело, појасен ум и понежно срце — како затворен, но истовремено нов почеток
.

Цена за рана уплата –  490еур   
Редовна цена –    590 еур

Доплата за еднокреветна соба – 65 еур
Цена со организиран трансфер – 685 еур

Вклучено во цената на аранжманот :

  • Полупансион на база појадок со вечера
  • Две практики дневно: јога & пилатес
  • SPA центар: сауна, базен, релакс зона
  • Прошетки во природа на Фрушка Гора
  • Дневни нутриционистички насоки за свесна и балансирана исхрана
  • Подарок пакет со суплементи и природна козметика
  • Работилница за нега на лицето против стареење

За повеќе информации обратете се кај Ноа Турс
тел.  077/993-903  |  077/ 809- 859077 809 859
меил адреса: noatoursmail@gmail.com  |  noatours2015@gmail.com

Сподели:

Слични понуди

Instagram