11ти Октомври Бари 2026

10.10 - 13.10.2026

Бари, Италија

Бари – Алберобело – Пулија  2026

10.10  –  13.10

3 ноќи / 4 дена

Програма

Ден 1 – 10.10. (сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата два часа пред полетување, полетување во 21:55ч. од Скопје.Слетување во 23:05 ч. во Бари. По пасошки и царински формалности следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 2 – 11.10. (недела) | БАРИ - ПОЛИЊАНО а МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Предлог за денешниот ден е посета на Алберобело и Полињано а Маре. Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители ја добиле идејата за изградба на трули, уникатни привремени куќи изградени од камен, со цел да избегнат високи плаќања кон владетелите во тој период. Процесот на трансформација и обнова, како и оригиналноста на делото, им обезбедија на овие градби признание за светско наследство. (УНЕСКО). А пак Полињано а Маре е едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, која беше прогласена за една од петте омилени дестинации за летен одмор за Италијанците во 2016 година.Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, му даваат посебен шарм на градот. Враќање назад во Бари каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Ден 3 – 12.10 (понеделник) | БАРИ - МАТЕРА

Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на градот Матера. Возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година и е на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите карактеристики. Интересно за овој град е што многу локални жители живеат во куќите на своите предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата местоположба, Матера го зачувала својот стар изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.

Ден 4 – 13.10 (вторник) | БАРИ – СКОПЈЕ

Одјава од хотел. Последниот ден е наменет за Бари. Прошетка низ историскиот дел на Бари, ќе ја разгледаме базиликата Св. Никола, каде се наоѓаат моштите на истоимениот светец. Ќе прошетаме по камените тесни улички, ќе можеме да видиме како рачно се изработуваат најпознатите тестенини во разни бои и форми Orecchiette. Слободно време за ручек, кафе, индивидуални прошетки. Во договореното време, трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 22:40.

 

 ЛЕТОВИ

  • 10.10.2026 | Скопје 21:55 → Бари 23:05
  • 13.10.2026 | Бари 22:40 → Скопје 23:50

Информации

ПРОМО цена: 369 евра по лице

Редовна цена: 469 евра по лице

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Авионски билет Скопје – Бари – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж до 10 kg
  • Организиран превоз аеродром – хотел – аеродром

 

🏨 Сместување и организација

  • 3 ноќевања со појадок во Бари
  • Разглед на Бари со локален водич
  • Претставник од агенцијата

 

Во цената не е вклучено

  • Алберобело + Полињано а Маре – 55 € по лице
  • Матера – 60 € по лице
  • Туристичка такса – 4 € по лице / ноќ
  • Доплата за еднокреветна соба –  150 € 
  • Патничко осигурување
  • Влезници за локалитети
  • Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија