МАДРИД 30.12.2024 – 03.01.2025 Главниот град на Кралството Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и голем број на културни атракции кои ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар како за Шпанија, така и за голем дел од јужна Европа. Бидејки областа е населена од Римско […]
8th November, 2024
МАДРИД
30.12.2024 – 03.01.2025
Главниот град на Кралството Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и голем број на културни атракции кои ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар како за Шпанија, така и за голем дел од јужна Европа.
Бидејки областа е населена од Римско време има многу историски локалитети за истражување и уживање. Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови , ресторани и клубови .
30.12.24 – 1 ДЕН Скопје – Тирана – Мадрид
Состанок на групата во 07:30ч, трансфер до Тирана, лет за Мадрид во 16:30ч. Пристигнување во Мадрид во 20:10ч. Трансфер до хотел и сместување.
31.12.24 – 2 ДЕН Мадрид и дочек на Нова Година
Појадок. По појадокот организирана факултативна пешачка тура разглед на Мадрид со локален водич. Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, паркот El Retiro, палатата Palacio Real de Madrid, фонтаната Cibeles, сончевата капија Puerta del Sol. Слободно време за инфивидуални активности, шопинг, кафе, ручек или едноставно да уживате во предновогодишната еуфорија која е присутна секаде. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Нова Година по сопствена желба, во некој од бараовите, рестораните или пак на централниот плоштад. Ноќевање
01.01.2025 – 3 ДЕН Мадрид – Барселона
Појадок . Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Барселона со воз. Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Можност за посета и разглед на градот со Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покра, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella пристаништето.За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи..Слободно време Враќање во Хотел. Слободни активности. Ноќевање.
02.01.2025 – 4 ДЕН Мадрид- Толедо
Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме сите знаменитости во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните око главниот плоштад. Неизбежен дел од посетата на овој град се и музејот EL GRECO и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо
Враќање во хотел.Слободно време.Ноќевање.
03.01.2025 – 5 ДЕН Мадрид – Тирана – Скопје
Појадок.Напуштање на собите до 11ч00 часот и слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… или пак посета на фудбалскиот стадион Santiago Bernabeu, дом на најтрофејниот и најпознатиот фудбалски клуб во светот, кралскиот Реал Мадрид. Во 17:00 трансфер до аеродром .Лет за Тирана во 20:55 Слетување во Тирана во 00:00.Трансфер до Скопје
ЦЕНА 619 евра за првите 6 уплати
Редовна Цена 739 евра
Во цената е вклучено :
Во ценaта не е вклучено:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.