Бали Авантура

Seminyak 19-24.05.2024 (5ноќи) // Ubud 24-26.05.2024 (2ноќи) Бали нуди богатство на искуства, прекрасни плажи со кристално чиста вода, бујни оризови полиња и разни културни традиции. Посетителите можат да истражуваат древни храмови, да уживаат на песочните плажи, или да се шетаат низ уличките на Убуд. Балиското кулинарско мени ги заситува чувствата со својата комбинација на зачини […]

15th March, 2024

Seminyak 19-24.05.2024 (5ноќи) // Ubud 24-26.05.2024 (2ноќи)

Бали нуди богатство на искуства, прекрасни плажи со кристално чиста вода, бујни оризови полиња и разни културни традиции. Посетителите можат да истражуваат древни храмови, да уживаат на песочните плажи, или да се шетаат низ уличките на Убуд. Балиското кулинарско мени ги заситува чувствата со својата комбинација на зачини и свежи состојки, додека разните прошетки обезбедуваат бројни можности за авантура и опуштање во впечатливата природна убавина. Бали нуди незаборавно патување за патниците од сите видови.

Детали за лет:

TK1006 18 MAY SKP-IST 20:20  22:55       // TK066     19 MAY IST-DPS 01:55  19:15

TK067   26 MAY DPS-IST 21:20  05:00+1  // TK1003   27 MAY IST-SKP  07:25  07:50

5 ноќевања во хотел Puri Saron 4* Семињак

2 ноќевања во хотел Dwarka The Royal Villas 4* во Убуд

18.05.2024 – Состанок на групата 3 часа пред лет на аеродромот во Скопје и полетување за Истанбул во 20:20. Пристигнување во Истанбул 22:55. Пауза до летот за Бали.

19.05.2024 – Лет за Бали во 01:55 и пристигнување во 19:15 локално време. Трансфер и check-in  во хотел во Семињак.

20.05.2024 – Појадок.

21.05.2024 – Појадок.

22.05.2024 – Појадок.

23.05.2024 – Појадок.

24.05.2024 – По појадокот Check out и трансфер до хотелот во Убуд, со попатни екскурзии.

UBUD SWING TOUR (полудневна тура)

Посета на:

Alas Harum место каде што Цивет мачката го произведува најскапото кафе во светот. Тука се наоѓа и најпознатата лулашка над оризови полиња. Ќе имате можност да се прошетате низ оризовите полиња, да се напиете од Luwak кафето, и да уживате во прекрасните пејсажи.

Monkey Forest едно од најголемите засолништа на мајмуни во Убуд, прошетка низ паркот, интеракција со мајмуните кои се научени да прават селфи со посетителите.

  Tirta Empul Water Temple храм кој е познат по својата света изворска вода, и во        којшто луѓето одат на ритуално прочистување наречено Мелукат.

25.05.2024 – Појадок.

26.05.2024 – По појадокот Check-out од хотел и слободно време до трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Локално време

27.05.2024 – Пристигнување во Истанбул во 05:40 и лет за Скопје во 08:25. Пристигнување во Скопје во 07:55.

Цена на аранжманот: 1569 еур (ПЛАЌАЊЕ ВО ДЕНАРИ ПО КУРС 62 ДЕН. ЗА ЕВРО))

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Денпасар-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 5 ноќи во Семињак во наведениот хотел или сличен и 2 ноќи во Убуд во наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
  • Трансфер Aеродром – Хотел – Аеродром / трансфер хотел Нуса Дуа – хотел Убуд
  • Факултативни тури опишани во програмата
  • Реализација и асистенција

Цената не вклучува:

  • Туристичка виза за Бали 130€
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Други индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
    • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
    • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
    • Задолжително патничко осигурување

Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цената).


Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. Ноа Турс ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ

Сподели:

Слични понуди

Instagram