ТЕРМАЛНА БАЊА АНА СПА – СЕГЕДИН, УНГАРИЈА 

18.01.2024 – 22.01.2024   (3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА) Унгарија е држава позната по многубројните бањи и Сегедин е град на југот на Унгарија изграден на реката Тиса, познат во цела Европа по многубројните бањи и  топлата бањска вода карактеристична за овој регион. Сегедин (на унгарски: Szeged) — четвртиот најголем град во Унгарија, препознатлив по специфичната […]

10th January, 2024

18.01.2024 – 22.01.2024   (3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

Унгарија е држава позната по многубројните бањи и Сегедин е град на југот на Унгарија изграден на реката Тиса, познат во цела Европа по многубројните бањи и  топлата бањска вода карактеристична за овој регион. Сегедин (на унгарски: Szeged) — четвртиот најголем град во Унгарија, препознатлив по специфичната австроунгарска архитектура со многу зеленило што му дава мирна и идилична атмосфера.

Прв ден 19.01.2024  (петок)        Скопје – Сегедин

Состанок со групата на Дрво Декор во 01:45. Тргнување за Унгарија во 02:00 часот. Патување се одвива преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Сегедин на пладне, сместување во хотел. Организирана посета на бањата АНА и време за уживање.  Во вечерните часови организирана прошетка  низ градот и можност за посета на традиоционален ресторан со богато мени на локални специјалитети. Ноќевање.                                                 

Термална Бања  АНА

Оваа бања постои повеќе од 100 години и неодамна е реновирана. Се наоѓа во прекрасна зграда, со декоративен ентериер, со сводови инспирирани од турските бањи и прекрасна градина во средината.

Во почетокот бил поделен на машки и женски дел, а сега има нов велнес центар и базени за лекување.

Во велнес центарот има неколку помали сауни (арома кабина, био сауна, финска, инфра и парна сауна), два ладни базени, помал базен со температура од 30C, кружен базен со дијаметар од околу 6m и температура од 36C и поголем базен со температура од 34C.

 Сите тие имаат различни видови на ефекти на џакузи кои се менуваат на секои 10 минути: млаз вода паѓа на рамената, поток што го масира грбот или излегува вертикално од дното како гејзер.

Кружниот базен има бисерна бања, воздушни меури нежно се издигнуваат од дното. По ходникот што ја обиколува градината, наидувате на шведска маса, а потоа на централен базен околу 30C 96m2, длабок до 2 m.

Зад него е медицинскиот дел со лековита вода. Има голем тркалезен базен од 60м2 со топла вода од 38C боја на чај и две шаховски табли во средината.

Сите термални води на овој простор ја имаат онаа карактеристична светло-кафеава боја, како да се капете во разреден чај. Нема силен мирис. Наоколу има загреани камени клупи каде може да се релаксирате.

Има уште два помали базени со млазници за џакузи кои наизменично избиваат од страна и одоздола како гејзер, температури 32 и 34C. И еден поголем базен за бебиња со длабочина од околу 30 см. На крајот, има поголема заедница сауна и тушеви. Покрај тоа, има неколку соби со лежалки за одмор.

Втор ден 19.01.2024  (сабота)    –   Сегедин

Појадок во хотел. Факултативна посета на малото гратче Морахалом, во близина на Сегет и можност за посета на уште една бања со нов комплекс за базени – бања Ершебет.

Овој комплекс е главно наменет за семејства. Оваа бања поседува вкупно дваесет базени, од кои 14 се користат во зима. Неколку базени имаат лековита вода во боја на чај од 34 до 39 C, со и без масажи на вода. Бањата Ершебет Морахалом базен поседува и Голем базен, со температура од 28C.

Во авантуристичкиот базен има и воден рингишпил, со тобогани како и бебешки базен со играчки. Интересен за циркулација е плиткиот базен со глина со наизменично ладна и топла вода за пешачење. Наоколу и покрај базенот има многу лежалки и има WiFi интернет за да можете да останете цел ден. Враќање во Хотел.Ноќевање.

Трет ден 20.01.2024 (недела)      –    Нови Сад и Инџија (Аутлет центар)

Појадок и одјавување од хотел, организирана посета на Нови Сад. Градот кој е центар на српската култура уште од формирањето во 1694-та год и вториот по големина град во Србија по Белград. Организиран разглед на градот и посета на  Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор – најзначајното архитектонско дело во Нови Сад. Слободно време за прошетка.

Во договорено време се упатуваме кон Инџија – посета и можност за шопинг во најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови GUESS,NINE WEST,TOMMY HILFIGER… Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Автобуски превоз на релација Скопје – Сегедин – Скопје

2 ноќевања со појадок во хотел со 3* 

Целодневна влезница за Бања Ана Спа

Посета на Нови сад

Посета на OUTLET CENTER INDZIJA

Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Туристичка такса – 2 € по лице на ден 

Патничко осигурување  210 ден

Факултативна посета на Spa Szent Erzsébet Mórahalmi  бања со вклучена влезница и трансфер – 15 еур

Организирана традиционална вечера

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите; За реализација на факултативите потребно е минимум 15 патника.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици; Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Ноа Турс

Сподели:

Слични понуди

Instagram