Вилата Скиони Апартмани се наоѓаат на самa плажа во Неа Скиони, со директен пристап на море. Опкружена е со прекрасен голем двор – тераса, кој е опремен со сопствени лежалки, комплет маси со столици и скара кои се на располагање само за гостите на вилата од трите апартмани ( 2 апартмани на приземје и 1 […]
19th February, 2026
Вилата Скиони Апартманисе наоѓаат на самa плажа во Неа Скиони, со директен пристап на море. Опкружена е со прекрасен голем двор– тераса, кој е опремен со сопствени лежалки, комплет маси со столици и скара кои се на располагањесамо за гостите на вилата од трите
апартмани ( 2 апартмани на приземје и 1 дуплекс апартман на прв кат).
Вилата располага со два апартмани на приземје за 4 лица, кои имаат дневен престој каде што се наоѓа комплетно опремена кујна, спална соба и бања.
Дуплекс апартманот е со2 спални соби, физички одделени од дневниот престој каде што се наоѓа комплетно опремена голема кујна.
Сите апартмани се со бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на море.
Пред самата Вила се наоѓа и еден од најубавите beach барови во Неа Скиони ISLAND BEACH BAR, како и многу познати таверни кои се наоѓаат веднаш до Вилата.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ОД ДЕН ВО ЕВРА
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус и патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до објектот каде се сместуваат.
НАПОМЕНА:
Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при
склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на Т.А. Ноа Турс.