Манастир Грачаница и Приштина

На само 10 километри од Приштина, на левиот брег на реката Грачанка изграден е манастирот Грачаница. Посветен е на Успение на Пресвета Богородица а истиот е изграден во 1321 година од страна на српскиот крал Милутин. Според народното верување кралот Милутин заспал пред битката на реката, а на сон му се појавил Ангелот Божји кој му […]

30th September, 2021

На само 10 километри од Приштина, на левиот брег на реката Грачанка изграден е манастирот Грачаница. Посветен е на Успение на Пресвета Богородица а истиот е изграден во 1321 година од страна на српскиот крал Милутин. Според народното верување кралот Милутин заспал пред битката на реката, а на сон му се појавил Ангелот Божји кој му кажал дека ќе ја добие битката, а како еден знак на благодарност треба да изгради црква според облик кој ке му се прикаже. Како што се разбудил кралот на небото здогледал облак кој имал облик на црква. Затоа што ја добил битката како што му било кажано во сонот тој ги повикал најдобрите мајстори кои ја започнале изградбата.

Инаку манастирот претставува врв на црковната архитектура и византискиот дух… за необичноста и убавината на Манастирот доказ е и признанието на UNESQO од 2006 год . кој го заштитува како ретко и загрозено културно наследство…

Опис на патувањето:

  • Поаѓање од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип во 08.00 часот (собирање на група 07:45). 
  • Предвидено време за пристигнување во Грачаница околу 10 часот. Слободно време за  прошетка и разглед на манастирот.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Albi Mall во Приштина. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед. 

Поаѓање за Скопје во 18:00 часот.

Понудата вклучува:

  • Посета на манастирот Грачаница
  • Посета на Приштина
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.


Понудата не вклучува: 

  • Индивидуални трошоци

Цена: 699 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Сподели:

Слични понуди

Instagram