МАЛТА за Водици  

МАЛТА  17.01 – 20.01.2025 Малта, островска земја со уникатна архитектура и богата историја. Земја каде што Витезите на Св.Јован го бранеле христијанството. Малта има богата 7000 годишна историја, испреплетена со секојдневието  современиот  модерен живот. Сплетот на медитеранското синило и малтешката архитекура секој посетител го пренесуваат  од едно мистично минато до модерната денешница. 1 ден: (17.01 […]

11th November, 2024

МАЛТА  17.01 – 20.01.2025

Малта, островска земја со уникатна архитектура и богата историја. Земја каде што Витезите на Св.Јован го бранеле христијанството. Малта има богата 7000 годишна историја, испреплетена со секојдневието  современиот  модерен живот. Сплетот на медитеранското синило и малтешката архитекура секој посетител го пренесуваат  од едно мистично минато до модерната денешница.

1 ден: (17.01 петок) СКОПЈЕ – МАЛТА                                                                                    

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:00 часот. Полетување за Малта во 17:00 ч. Пристигнување во Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Слободно време за активности по желба. Ноќевање.

2 ден: (18.01 сабота)  ЛА ВАЛЕТА – МДИНА                         

Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.

Посета на  Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, Враќање во хотел. Ноќевање.  .Враќање назад во хотел.Слободни активности. Ноќевање.   

3 ден: (19.01  недела ) ОСТРОВОТ  ГОЗО

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Главен град на островот е Victoria во минатото познат како Rabat,  кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚.Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров.., главниот град … Попладне враќање во хотел.Слободни активности. Ноќевање.

4 ден: (20.01  понеделник )  ТРИТЕ ГРАДА –МАРСАШЛОК –  СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Посета на шармантното, традиционално, рибарско село Марсашлок – познато по преубавата глетка, по пазарот за риба, рибните ресторани… Тука ќе ги видите живописно обоените чамци насликани со очи на лакот – наречерни Luzzu кои често се сметаат за симбол на Малта. Организиран трансфер до аеродром во 16ч30. Полетување за Скопје во 19.35 часот. Слетување во 21:20 часот.

РАНА УПЛАТА – 349 EВРА

РЕДОВНА ЦЕНА –  399 ЕВРА

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Малта – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери: аеродром Малта – хотел – аеродром Малта;
  • Сместување во хотел  3* со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг  *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање

Факултативна посета на  Валета и Мдина – 50 евра

Факултативна посета на Гозо 65 евра

Факултативна посета на  Трите Града и Марсашлок 50 евра

ПАКЕТ за трите факултативни излети 150 евра

Туристичка такса 750 мкд – се плаќа  во агенција

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко осигурување

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Сподели:

Слични понуди

Instagram