Мадрид & Барселона за Нова Година 2026

Viva España!         27.12 – 01.01 | 6 дена / 5 ноќевања                                         Новогодишна еуфорија    Мадрид  &  Барселона Кога сонцето на Шпанија ја дочекува Новата година – приказна исполнета со светла, емоции и незаборавни моменти. 1 ден 27.12 | СКОПЈЕ – МАДРИД Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Лет за […]

20th November, 2025

Viva España!         27.12 – 01.01 | 6 дена / 5 ноќевања                                        

Новогодишна еуфорија    Мадрид  &  Барселона

Кога сонцето на Шпанија ја дочекува Новата година – приказна исполнета со светла, емоции и незаборавни моменти.

1 ден 27.12 | СКОПЈЕМАДРИД

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Лет за Мадрид во 16:05. Пристигнување во 20:00 часот, по што следи трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање во Мадрид.

2 ден 28.12 | РАЗГЛЕД НА МАДРИД

Кралскиот град Мадрид совршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови.

Кралската палата со повеќе од 3400 простории е најголема во Западна Европа. Нејзината внатрешност ја отсликува уметничката и занаетчиската големина на Шпанија низ вековите – ткаенини од свила и дамаст, фрески насликани од Гоја, позлатен мебел…

Еден од најзначајните светски музеи – Прадо е дом на ремек делата на шпанските сликари и неизбежна станица за љубителите на уметноста.
По официјалниот дел – слободно време за индивидуални прошетки, музеи или гастрономски уживања во срцето на шпанската престолнина.  Ноќевање во Мадрид.

3 ден – 29.12 | ЕКСКУРЗИЈА ДО ТОЛЕДО – БАРСЕЛОНА

Појадок, по што заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до Толедо – некогашниот главен град на шпанската империја – во кој свој белег оставиле  арапска, христијанска и еврејска религија е  спој на готска, ренесансна и барокна архитектура. Толедо е и град  на познатиот сликар Ел Греко кој тука живеел и работел. Слободно време за истражување на малите улици и единствената архитектура на овој средновековен град. Враќање во Мадрид потоа трансфер до железничката станица и патување со брз воз до Барселона. По пристигнувањето следи трансфер до хотелот, оставање на багажот и краток одмор.   Ноќевање во Барселона.

4 ден 30.12 | МАДРИДБАРСЕЛОНАРАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА

Појадок. Продолжуваме со разглед на Барселона којаќе ви пружи назаборавно искуство поради спојот на урбана архитектура, култура, уметност, спорт, гастрономија и прекрасни плажи. Панорамски разглед по главните авении со импресивните градби на Гауди – симболот на каталонскиот модернизам и еден од најинвентивните архитекти.

 Познат е по својот единствени стил кој ги комбинира неоготските и модернистичките елементи со инспирации од природата.
По разгледот – слободно време. Ноќевање во Барселона.

5 ден 31.12 | ГИРОНА + ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

Појадок и можност за факултативна екскурзија до Гирона – град на четири реки, позната по своите 11 живописни моста, од кои еден е дело на славниот Ајфел, моќни ѕидини и катедралата Света Марија со најширокиот готски свод на светот. Всушност реките, каналите и мостовите се еден од заштитните знаци на градот. Во овој град секој камен, секоја уличка и секој мост има своја историја која чека да биде откриена.
По враќањето во Барселона – слободно време за подготвки и уживање. Вечерта е резервирана за дочек на Новата година на плоштадите Plaça d’Espanya или Plaça Catalunya, со можност за индивидуална вечера во ресторан, бар или клуб. Ноќевање во Барселона.


6 ден 01.01 | БАРСЕЛОНАСКОПЈЕ

Појадок и слободно време за последни прошетки, кафе покрај морето или индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во 17:30 часот и лет за Скопје во 20:55. Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.

739 € → ПРОМО ЦЕНА 639 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

✔ Авио-билет Скопје – Мадрид (WizzAir)
✔ Воз Мадрид – Барселона
✔ Авио-билет Барселона – Скопје
✔ Рачен багаж 8 kg
✔ 3 ноќевања со појадок во Мадрид
✔ 2 ноќевања со појадок во Барселона
✔ Трансфер аеродром Мадрид – хотел
✔ Трансфер аеродром Барселона – хотел
✔ Трансфер железничка станица – хотел
✔ Прaтител на групата цело време


ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

✖ Факултативен разглед на Мадрид со водич
✖ Екскурзија Толедо со локален водич и трансфери
✖ Факултативен разглед на Барселона со водич
✖ Факултативни излети (Жирона или други по избор)
✖ Влезници за музеи по избор
✖ Патничко осигурување


За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.                                                         
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.                                                                                                   

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.                
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Сподели:

Instagram