Куќа “Atina”- Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења […]

22nd February, 2025

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа“Atina”се наоѓа на добра место положба, на само150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото.Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат.  Куќата е нова градба, за најпробирливи патници. Сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.

Студио број 1 (1/4) –  пространо студио со голема тераса,  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.

Студио број 2 (1/4)–  многу пространо студио со голема тераса,  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет,стандарден кревет и софа за дете.

Студио број 4 (1/4) –  многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море),  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/4 студио бр. 21/4 студио бр. 11/4 студио бр. 4
25/05-01/067119129139
01/06-08/067139149169
08/06-15/067189199209
15/06-22/067239249259
22/06-29/067249259269

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

2. Сезонски цени

ТерминНоќевања1/4 студио бр.21/4 студио бр. 11/4 студио бр. 4
29/06-06/077549569589
06/07-13/077599619639
13/07-20/077629649679
20/07-27/077629649679
27/07-03/087659679699
03/0810/087659679699
10/0817/087629649679
17/0824/087629649679
24/0831/087619639669

 * цена за наем на студио

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/4 студио бр. 21/4 студио бр. 11/4 студио бр. 4
31/0807/097239249259
07/0914/097199209229
14/0921/097149159179
21/0928/097109119139

 * цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат  БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170  мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Превоз:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Сподели:

Слични понуди

Instagram