Вилата се наоѓа на само 100м од тиркизната плажа во Посиди и познатиот beach bar ….. Сместувањето е во трокреветни студиа кои имаат комплетно опремена мини кујна, сопствена бања, телевизор, тераса и интернет. Вилата се наоѓа во борова шума и има прекрасно уреден двор со многу зеленило и цвеќиња. На гостите им е на располагање […]
11th February, 2025
Вилата се наоѓа на само 100м од тиркизната плажа во Посиди и познатиот beach bar ….. Сместувањето е во трокреветни студиа кои имаат комплетно опремена мини кујна, сопствена бања, телевизор, тераса и интернет. Вилата се наоѓа во борова шума и има прекрасно уреден двор со многу зеленило и цвеќиња. На гостите им е на располагање и скара во дворот.
Посиди, лоциран на полуостровот Касандра на Халкидики, Грција, е живописно крајбрежно место кое ги плени посетителите со својата природна убавина и спокојна атмосфера. Местото е познато по своите недопрени песочни плажи, каде што златните брегови се протегаат со километри, повикувајќи ги посетителите да се релаксираат и да уживаат во сонцето.
Шетајќи низ тесните улички, посетителите можат да откријат продавници, кафулиња и локални таверни кои служат автентична грчка кујна. Местото зрачи со топол и пријатен амбиент, што го прави идеална дестинација за оние кои бараат опуштен одмор.
Сместувањето во апартманите е после 14:00 (по локално време); / Напуштањето е во 10:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм склучување на договорот за патување. Важат општите услови за патувањe на Т.А. Ноа Турс