“ Убавицата на Дунав ” Будимпешта – престолнината на ,,Убавиот син Дунав”, градот на девет мостови, со повеќе од 1500 години стара историја и културно наследство кое многубројните цивилизации го оставиле зад себе е една од најубавите престолнини во Европа.Во минатото втор центар на моќната Хабсбуршка монархија, денес распростран на двата брега на Дунав, чии […]
8th January, 2025
“ Убавицата на Дунав ”
Будимпешта – престолнината на ,,Убавиот син Дунав”, градот на девет мостови, со повеќе од 1500 години стара историја и културно наследство кое многубројните цивилизации го оставиле зад себе е една од најубавите престолнини во Европа.Во минатото втор центар на моќната Хабсбуршка монархија, денес распростран на двата брега на Дунав, чии делови на Пешта и старото јадро на Будим од 1987 година се дел од културното наследство на УНЕСКО. Ако на се ова ги додаеме специјалитетите како гулашот, паприкашот, виното, марципанот, познатите штрудлли со мак, незаборавниот ноќен живот, станува појасно зошто Будимпешта е неизбежна дестинација на повеќе од 15 милиони туристи секоја година.
БУДИМПЕШТА 8ми МАРТ
05.03 – 09.03
(05.03.2025 – среда) | Скопје – Будимпешта
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 15:10 часот. Полетување за Будимпешта во 17:10 часот. Слетување во Будимпешта во 18:35 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел.
(06.10.2025 – четврток) | Будимпешта – (разглед,крстарење,Чардаш)
Појадок. После појадокот следува разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)… Посета на Црквата
Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци,..Време за слободни активности до попладневните часови кога продолжуваме од Пешта кон Будим да ја посетиме најпознатата Рибарска тврдина и околните објекти. Враќање назад во хотел. Ноќевање.
(07.10.2025 – петок) | Будимпешта – бањата Szechenyi
Појадок. По појадокот следува слободно време или посета на бањата Szechenyi во Будимпешта, една од најдобрите и најголеми спа бањи во Европа која со своите 15 внатрешни и 3 големи надворешни базени, сауни, парни бањи, па дури и спа стаклена градина на покривот е една од најголемите традиционални
затворени спа одморалишта во Европа. Слободно попладне. Навечер можност за факултативна посета на традиционален ресторан – ЧАРДАШ.Богато мени, цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости.Многу забава, што вреди да се доживее а ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.
(08.10.2025 – сабота) | Будимпешта – Сент Андреа
Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта.Во попладневните часови е предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на градот од брод. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел. Ночевање.
(09.10.2023 – недела) | Будимпешта – Скопје
Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 08.35 часот. Слетување во Скопје во 10.00 часот.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ €
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
· Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел – 4 ноќевања со појадок;
· Трансфер аеродром – хотел – аеродром
· Пешачки разглед со локален водич;
· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
НАПОМЕНА:
· Пријавување на факултативи во агенција
· Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената
· Минимум пријавени патници за реализација – 16
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е Т.А. Ноа Турс;
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозотили хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Ноа Турс