Бигорски Манастир

Разглед на непроценливите блага на Бигорскиот манастир: прекрасниот иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес; чудотворната икона на Свети Јован Крстител, која уште од самиот почеток […]

3rd June, 2021

Разглед на непроценливите блага на Бигорскиот манастир: прекрасниот иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес; чудотворната икона на Свети Јован Крстител, која уште од самиот почеток до денес не престанала да чудотвори, светите мошти, кои се наоѓаат во наосот на големиот кивот и други.

Од Бигорскиот манастир се упатуваме  кон подножјето на прекрасната Шар Планина, каде е распослано селото Вруток. Името на селото Вруток значи врело, извор (силен карстен извор), додека самото име потекнува од карсниот извор Вруток на најдолгата река во Република Македонија – реката Вардар. Изворот, кој се наоѓа на 683 м.н.в., е еден од поголемите извори во државата, а водата од изворот е толку ладна што не може долго време да се држи во рака.

На почетокот на селото се наоѓа средновековниот манастир Св. Мина, во кој имало монашки живот. Жителите раскажуваат дека и ден-денес тука доаѓаат и христијански и муслимански верници кои имаат некаква мака или здравствен проблем. Во селото се наоѓа и главната селска црква Св. Архангел Михаил, селската џамија, Бектешиско теќе и Шелериско теќе.

Во селото Вруток се спојуваат минатото и традицијата, прекрасната храна и бројните специјалитети, неверојатната природа, изворот на реката Вардар и чистата вода, архитектурата, рибниците но и гостопримството на населението, спој во кој ќе можете да уживате и да го почувствувате.

Во попладневните часови заминување кон Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 600,00 денари

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
  • Организација и водство на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧЕНО:

  • Лични трошоци
Сподели:

Instagram