Viva España!         09.04 – 13.04 | 5 дена / 4 ноќевања       Барселона & Мадрид

    1 ден 09.04 | СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот. Лет за Барселона во 18:00. Пристигнување во 20:50 часот, по што следи трансфер до хотелот, сместување и ноќевање. 2 ден 10.04 | РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНАПојадок. Продолжуваме со разглед на Барселона којаќе ви пружи назаборавно искуство поради спојот на […]

    21st January, 2026

    1 ден 09.04 | СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот. Лет за Барселона во 18:00. Пристигнување во 20:50 часот, по што следи трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.

    2 ден 10.04 | РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА
    Појадок. Продолжуваме со разглед на Барселона којаќе ви пружи назаборавно искуство поради спојот на урбана архитектура, култура, уметност, спорт, гастрономија и прекрасни плажи. Панорамски разглед по главните авении со импресивните градби на Гауди – симболот на каталонскиот модернизам и еден од најинвентивните архитекти.Познат е по својот единствени стил кој ги комбинира неоготските и модернистичките елементи со инспирации од природата. По разгледот – слободно време. Ноќевање во Барселона

    3ден11.04| ГИРОНАИ ФИГЕРАС

    Појадок и можност за факултативна екскурзија до Гирона – град на четири реки, позната по своите 11 живописни моста, од кои еден е дело на славниот Ајфел, моќни ѕидини и катедралата Света Марија со најширокиот готски свод на светот. Всушност реките, каналите и мостовите се еден од заштитните знаци на градот. Во овој град секој камен, секоја уличка и секој мост има своја историја која чека да биде откриена.
    По враќањето во Барселона – слободно време за подготвки и уживање. Вечерна прошетка на плоштадите Plaça d’Espanya или Plaça Catalunya, со можност за индивидуална вечера во ресторан, бар или клуб. Враќање во  хотел, потоа трансфер до железничката станица и патување со брз воз до Мадрид. По пристигнување следни трансфер до Хотелот. Ноќевање во Мадрид                       .

    4 ден 12.04 | РАЗГЛЕД НА МАДРИД

    Кралскиот град Мадрид совршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови. Кралската палата со повеќе од 3400 простории е најголема во Западна Европа. Нејзината внатрешност ја отсликува уметничката и занаетчиската големина на Шпанија низ вековите – ткаенини од свила и дамаст, фрески насликани од Гоја, позлатен мебел… Еден од најзначајните светски музеи – Прадо е дом на ремек делата на шпанските сликари и неизбежна станица за љубителите на уметноста. По официјалниот дел – слободно време за индивидуални прошетки, музеи или гастрономски уживања во срцето на шпанската престолнина.  Ноќевање во Мадрид.

    5 ден– 13.04| ФАКУЛТАТИВА ТОЛЕДО МАДРИД – СКОПЈЕ

    Појадок, по што заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до Толедо – некогашниот главен град на шпанската империја – во кој свој белег оставиле  арапска, христијанска и еврејска религија е  спој на готска, ренесансна и барокна архитектура. Толедо е и град  на познатиот сликар Ел Греко кој тука живеел и работел. Слободно време за истражување на малите улици и единствената архитектура на овој средновековен град. Враќање во Мадрид и можност за уште една прошетка низ центарот на Мадрид. Слободно време за ручек и кафе. Враќање во хотел, трансфер до аеродромот во Мадрид  во 18:00 часот и лет за Скопје во 21:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.


    ЦЕНА  699 евра по лице за рана уплата / 799 редовна цена   

    ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

    ✔ Авио-билет Скопје – Барселона (WizzAir)
    ✔ Воз  Барселона – Мадрид
    ✔ Авио-билет Мадрид – Скопје (WizzAir)
    ✔ Рачен багаж (ранец со димензии 40x30x20)
    2 ноќевања со појадок во хотел Мадрид  

    ✔ 2 ноќевања со појадок во хотел Барселона

    ✔ Трансфер аеродром Мадрид – хотел
    ✔ Трансфер аеродром Барселона – хотел
    ✔ Трансфер железничка станица – хотел
    ✔ Прaтител на групата цело време


    ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    ✖ Факултативен разглед на Мадрид со водич   45 евра по лице
    ✖ Екскурзија Толедо со локален водич и трансфери   75 евра по лице
    ✖ Факултативен разглед на Барселона со метро и пешачки   45 евра по лице
    ✖ Факултативни излети (Гирона и Фигерас или други по избор)  85 евра по лице

    ПАКЕТ ЦЕНА ЗА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ    185 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
    ✖ Влезници за музеи по избор
    ✖ Патничко осигурување


    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
    За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.                                                         
    Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.                                                                                                   

    Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.                 
    Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата

    Сподели:

    Слични понуди

    Instagram