ПАРИЗ 5 дена/4 ноќевања24.05. – 28.05.2025 Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен […]
13th March, 2025
ПАРИЗ
5 дена/4 ноќевања
24.05. – 28.05.2025
Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…
ПРОГРАМА
1 ден ( сабота) | Скопје – Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 07:35 часот. Полетување кон Париз во 09:35 часот со директен лет. Пристигнување на аеродромот Oрли (Orly) во 12:30 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел.Краток одмор и прва прошетка низ Париз со претставникот од агенцијата.Ноќевање.
2 ден ( недела) | Версај – Париз
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич (пешки или со метро) …Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Слободно време, индивидуално враќање назад во хотел.Ноќевање.
3 ден (понеделник) | Лувр – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден (вторник) | Париз – Дизниленд
Појадок во хотел.По појадокот можност за целодневна посета на Дизниленд , најпознатиот забавен парк за деца и возрасни.Располага со два забавни дела Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк но и со шопинг зона со голем број на ресторани, кафулиња, бутици … Или слободен ден за индивидулани прошетки во Париз. Ноќевање.
5 ден (среда) | Париз – Скопје
Рано одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 06:05 часот со директен лет. Слетување во Скопје во 08:45 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ФАКУЛТАТИВИ
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – 175 €
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација минимум 14 патника.
Општи напомени:
;
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Ноа Турс