Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 […]
13th March, 2025
Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…
30.04. – 03.05.2025
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
1 ден | Скопје – Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 07:25 часот. Полетување кон Париз во 09:25 часот со директен лет на авиокомпанијата EasyJet.
Пристигнување на аеродромот Orly во 12:20 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел.
Сместување во хотел.
Во попладневните часови , следува разглед на градот со локален водич, шетање по прекрасните Париски улици и градби (пеш или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge …Враќање назад во хотел.Ноќевање.
2 ден | Версај – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините).
Враќање назад кон Париз (15 km). По завршување на посетата на Версај, следува крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива.
Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден | Лувр – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.
Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула (индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден | Париз – Скопје
Ран појадок во хотел или ланч пакет и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Оrly. Полетување кон Скопје во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата EasyJet. Слетување во Скопје во 08:25 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ФАКУЛТАТИВИ
Задолжително пријавување на најмалку две факултативи – пријавувањето е при правење на резервација
Општи напомени:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. НОА ТУРС