Хургада – Египет

ЦРВЕНО МОРЕ И ХУРГАДА Најпознатиот, светски, подводен тропски рај. ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ ЈУНИ – СЕПТЕМВРИ Нурнете се во топлите води на коралното, тропско Црвено Море, со само 3 часа лет. Авионска чартер програма 7, 10, 11, 14 дена во хотел по избор, All Inclusive, трансфери, организација на факултативни екскурзиХУРГАДА ЛЕТО 2021 – ПРОГРАМА 1.ден: Скопје – […]

26th May, 2021

ЦРВЕНО МОРЕ И ХУРГАДА

Најпознатиот, светски, подводен тропски рај.

ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ ЈУНИ – СЕПТЕМВРИ

Нурнете се во топлите води на коралното, тропско Црвено Море, со само 3 часа лет.

Авионска чартер програма 7, 10, 11, 14 дена во хотел по избор, All Inclusive, трансфери, организација на факултативни екскурзи
ХУРГАДА ЛЕТО 2021 – ПРОГРАМА

1.ден: Скопје – Хургада

Пристигнување на Скопски Аеродром 3 часа пред и лет, согласно актуелните аеродромски правила за чекирање. Директен лет за Хургада во раните утрински часови, согласно поставеното време на лет. По пристигнување, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Хургада и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот денот на пристигнување). Ноќевање.

2 – претпоследен ден: Хургада

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање…). Ноќевање во хотел.

Последен ден: Хургада – Скопје

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите – “Late Check Out” може да се обезбеди со доплата). Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен лет до Скопје во вчерните часови, според поставеното време на лет. Пристигнување во Скопје.

ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

» Авионски карти на релација Скопје – Хургада со чартер лет.
» Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж
» Аеродромски и административни такси.
» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
» Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада.
» Престој во избраниот хотел согласно резервираниот број на ноќевања.
» Организација на патувањето.

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ:

» Меѓународно патничко здравствено осигурување.
» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
» Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
» ПЦР тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен. Аурора Турс може да асистира и закаже навремено тестирање во акредитирана лабораторија.
» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. *** за престој од 01.07.2020 – 30.04.2021 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ***

ЗАБЕЛЕШКИ:

» Дадените цени во пребарувачот се моментални и може да бидат променети без најава. Валидна цена е онаа која е актуелна за време на резервацијата.

» Сите хотели се на барање.

» Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

» За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).


Сподели:

Instagram