Хотел Тео Бунгалов Хотел – Криопиги

Хотел Тео Бунгалови – Криопиги Лоциран во Криопиги, на помалку од 800m од плажата, која важи за една од најубавите на првиот крак, Theo Bungalows Boutique Hotel располага со дво, тро и четворокреветни соби, сите уредени во Санторини стил. Собите се  климатизирани, опремени со сеф, ТВ, гардеробер, балкон и приватна бања со туш. Надворешен базен, […]

9th May, 2025

Хотел Тео Бунгалови – Криопиги

Лоциран во Криопиги, на помалку од 800m од плажата, која важи за една од најубавите на првиот крак, Theo Bungalows Boutique Hotel располага со дво, тро и четворокреветни соби, сите уредени во Санторини стил. Собите се  климатизирани, опремени со сеф, ТВ, гардеробер, балкон и приватна бања со туш. Надворешен базен, бесплатен приватен паркинг, градина и огромна тераса се на располагање на гостите. Овој хотел со 3 ѕвезди има ресторан и бар, а на гостите им нуди појадок и вечера на шведска маса.

                       ЦЕНИТЕ  СЕ  по  СОБА  по  НОЌ  СО  ПОЈАДОК  И  ВЕЧЕРА 

за СМЕСТУВАЊЕ во ДВОКРЕВЕТНА соба

ПериодБрој на ноќи1/4  апартман        (поглед на море)
01.05 – 25.06179
25.06 – 15.071139
15.07 – 01.091179
01.09 – 15.091119
15.09 –30.09169

                          двајца возрасни и дете до 1,99 години гратис

                          двајца возрасни и дете 1,99 до 5,99 години 15 евра доплата од ден

                          двајца возрасни и дете 5,99 до 11,99 години доплата 20 евра од ден

                          двајца возрасни и дете  над 11,99 доплата 35 евра од ден

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус и патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до објектот каде се сместуваат.

НАПОМЕНА:

  • Туристичка такса во износ од  5 евра дневно по соба, се плаќа во агенција
  • Во  собите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
  • Сместувањето во собите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на собите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при      

        склучување на договорот за патување.       

  • Важат општите услови за патувањe на Т.А. Ноа Турс
Сподели:

Слични понуди

Instagram