ТАСОС

    ( 08.09.-11.09.2022 со автобус) Тасос навистина е скапоцен камен на Егејското море. Повеќе луѓе, процентуално, се враќаат на Тасос откако веќе еднаш ќе го посетат  споредено со  кој било друг грчки остров. За оние кои не се запознаени со ова посебно место на земјата, Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 […]

    15th August, 2022

    ( 08.09.-11.09.2022 со автобус)

    Тасос навистина е скапоцен камен на Егејското море. Повеќе луѓе, процентуално, се враќаат на Тасос откако веќе еднаш ќе го посетат  споредено со  кој било друг грчки остров. За оние кои не се запознаени со ова посебно место на земјата, Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Тасос е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос („Пристаниште во Тасос“) Островот Тасос е познат уште од античко време. Островот е богат  со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед. Туризмот исто така станал важен за овој остров уште од 60-тите години на минатиот век, иако не на ниво на другите грчки острови.

    Лименас е сместен на северниот брег на островите, тој претставува микс на модерни згради и археолошки урнатини. Остатоците од храмови, театри, порти, базилики и sидини среќно коегзистираат заедно со модернистичките домови, хотели таверни, кафулиња и административни згради. Центарот на античкиот град окупира крајбрежен тракт преку кој стрмните падини водат кон акрополата од чии урнатини се дава општ преглед на формата и состојбата на градовите, древна и модерна!

    1.ден 08 септември – четврток

    Состанок на групата на паркингот спроти “Holidy Inn” во 00:30часот. Поаѓање за Лименас (Тасос) во 01:00. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица /Евзони. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    Пристигнување околу 07:00 на пристаништето Керамоти (качување на траект) возење околу 30 минути. Пристигнување на пристаништето Лименас, , пристигнување и сместување во вилите,слободно време за одмор и индивидуални активности.Факултативна посета на Makriammoss beach. Ноќевање.

    2.ден – 09 септември – петок . Факултативна посета на една од најубавите плажи на островот La scala -Golden beach- Важи за една од најубавите плажи во Европа. Ситен песок и кристално море во северниот дел на Тасос ден одвоен за слободни активности. Враќање во вечерните часови.

    3.ден 10 септември сабота

    Факултативна посета на една од најубавите плажи на островот Marble Beach- Сместена е во посеверниот дел на островот. Патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.ден одвоен за слободни активности. Враќање во попладневните часови.Факултативна посета во 19:00ч на вториот по големина град Лименарија,пристигнување во 20:00ч,можност за прошетка,враќање во 22 :30ч за Лименас,ноќевање.

    4.ден 11 септември недела

    15:00 напуштање на вилите и заминување кон пристаништето Лименас,возење со траект кон пристаништето Керамоти. Пристигнување на Керамоти ,

     Заминување кон Скопје,пристигнување во вечерните часови.

    Цена во претпродажба 115

    Редовна цена на аранжманот145

    Во цената на аранжманот е вклучено:

    Превоз со туристички автобус на наведената релација, – Сместување во вилите – Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

    Во цена на аранжманот не е вклучено:

    Патничко здраствено осигурување

    Факултативни посети на Marble beach,Golden beach Makryammoss beach,Limenaria.-35€

    НАПОМЕНИ:

    За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 18 патници.

    – За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.

    – Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.

    За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.A Ноа Турс.

    Сподели:

    Instagram