Рим за 8ми Декември  

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата […]

27th September, 2024

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан.

Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…Секако, сите патишта водат кон Рим…

ПРОГРАМА 

1 ден 07.12 (сабота) | Скопје  – Рим

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 15:00 часот. Лет за Рим во 16ч50ч. Слетување во  Рим во  18:40 часот.
Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден 08.12 ( недела) | Рим

Појадок. Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува  (Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон.                          

Слободни активности. Ноќевање.

3 ден (понеделник )09.12 | Ватикан – Рим

Појадок. факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар….Слободно попладне. Можност за прошетка низ центарот на Рим, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент…, посета на еден од Christmas базарите ширум градот. Пауза за ручек, кафе, коктел и слободни кативности. Слободна вечера. Ноќевање

4 ден ( вторник ) 10.12  Антички Рим – Скопје

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат  Римскиот форум и Колосеум, со локален водич –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, плоштадот Кампидољо. Слободно време и можност за последно кафе, аперол, пица, тестенини, посета на некој од божичните маркети и слободни активности. Трансфер од Хотелот во 16ч00.Поагање за Скопје во 19ч00.Слетување во Скопје во 20ч50.

Цена за рана уплата:  399 евра за првите 6

Редовна цена:  519 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

Директен лет на релацијаСкопје- Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

Организирани трансфери аеродром Рим – хотел – аеродром Рим

Аеродромски такси 

Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;

3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центар на Рим 

Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за (куфер);

Туристичка такса – 4 € по лице на ден

Билети за јавен превоз;

Патничко осигурување – 250 денари

Цени за Факултативи:

Организирана факултативна посета на Ватикан, и Систинската капела – 70 € (со локален водич и влезница)
Oорганизира посета на Антички Рим со Колосеум ( со локален водич и влезница ) 60 € / 35 € без влез во Колосеум
Разглед на град  15 евра по лица

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција, најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ноа Турс

Сподели:

Слични понуди

Instagram