Продолжен Викенд  во Париз  19.03. – 22.03.2026

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител… Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… […]

27th January, 2026

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител... Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула која, секако, е симболот на Париз.

1ден/19.03(четврток)СКОПЈЕ БУВЕ – ПАРИЗ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз со WIZZ AIR во 06:00 часот. Слетување на аеродромот “Beauvais” во 09:05 часот. Организиран превоз  до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. следува организиран панорамски разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Можност за посета Триумфалната капија, Шанзелизе, најромантичниот мост на Париз – Александар III, Обелискот на Плоштадот Конкорд, Пирамидата на музејот Лувр и Операта Гарние. Слободно време за индивидуални активности.  вечерните враќање во хотел. Ноќевање.

2ден / 20.03 (петок) ПАРИЗ – Монамртр – ДИЗНИЛЕНД –                                                 
 Појадок. ПАРИЗ – Дизниленд- Монмартр. Можност за факултативна посета  (превоз со брз воз) до најмагичниот забавен парк во Европа – ДИЗНИЛЕНД.   За останатите препорака пешачка тура: посета галеријата Лафајет која важи за еден од најмодерните и најкултните трговски центри во светот, каде се собрани најпознатите светки брендови и Монамртр заедно со Molune Rouge. Враќање во хотел. Ноќевање. Ноќевање.

3ден/21.03 (сабота ) ЛУВР  –  АЈФЕЛОВА КУЛА  – СЕНА    

По појадокот,можност за факултивна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр , кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Во него се наоѓаат околу  65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза организирана  целодневна прошетка  со локален превоз  до Трокадеро, посета на Ајфеловата кула. По посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење  по Сена,  со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време.Ноќевање.

4ден / 22.03 (недела )   ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Одјавување на собите. Зимаме ланч пакети, спакувани, тргнување кон аеродромот со организиран трансфер во 06;00 наутро. Полетување за Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:25 часот.

Цена за рана уплата со вклучени аеродромски такси    –  469 еур    до 31.01.2026

 Редовна цена со вклучени аеродромски такси  –    549 еур

Во цената на аранжманот е вклучено:                                                                                                                           

 директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizz air

мала кабинска торба (40x30x20cm);                                                                                                                                             

организиран превоз  аеродром – хотел – аеродром;                                                                                                                  

 сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок;                                                                                 

 организиранизација на аранжманот и придружник на патувањето                                                                 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:                                                                                                          

Туристичка такса – 5,2 € од ноќ по лице (се плаќа во агенција);         
Пешачки разглед со локален водич – 30 €; (се плаќа во агенција);

Крстарење со брод по Сена – 25 €; (се плаќа во агенција);

Посета на Лувр – 65 € (вклучена влезница+ пратител на групата) (се плаќа во агенција);

Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени – до втор кат – 28 €,
до трет кат – 40 € (со лифт);            

Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-120 € возрасен, дете до 12 год. 70-110 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер                           

Напомени:

  • За реализација на аранжманот како и факултативите  е потребен минимум од 15патници.
  • Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање
  • Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не подоцна од 7 дена пред тргнување

Сподели:

Слични понуди

Instagram