. Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од […]
17th January, 2023
. Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула која, секако, е симболот на Париз.
1ден / 04.02 СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.40 часот. Полетување за (Буве) Париз во 06.40 и пристигнување во 09.45 часот. Организиран трансфер до хотел во Париз. Багажот се остава во хотел, по што следува разглед на (еден дел од) градот (пешачка тура/метро). Посета на најширокиот булевар и најпозната авенија во Париз – Champs-Élysées, посета на Триумфалната капија, Елисејските полиња, плоштадот Конкорд, Домот на инвалидите.
Организирана посета (факултатива) на еден најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите…
Враќање во хотел и сместување во соби. Време за краток одмор.
Околу 19:00, организирана посета на најмаркантното обележје на Париз – Ајфеловата кула. Посета на Трокадеро, со можност за попатна кафе-пауза во едно од најпознатите француски бистроа. Можност за влез на Ајфелова кула (1 или 2 ниво, индивидуално по желба). Во вечерните часови, препорачување крстарење по Сена, со можност за разглед на градот од една поинаква перспектива – магичната и секогаш романтична осветлена Ајфелова кула, прекрасните осветлени мостови и објекти изградени на бреговите на Сена (Новиот мост – pont Neuf, катедралата Нотер дам, музејот Орсеј) Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден / 05.02 МАРТ ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Факултативна посета (со метро )на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Враќање во градот. Прошетка во квартот на операта – посета на најакустичната оперска сала во Европа, изградена во времето на Луј IV – Опера Гарние (индивидуално можност за влез), посета на познатиот ексклузивен шопинг центар – La fayette. Можност за посета на позната француска парфимерија Fragonard. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден/ 06.02 ПАРИЗ
Појадок. Посета на квартот на уметниците – уникатниот Монмартр, посета на Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Можност за дегустација на познатото вино cabernet sauvign, кое во минатото потекнувало токму од лозовите насади од овој дел на градот. Разгледот продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge.
Посета на Катедралата Нотр Дам, позната како „Богородичната црква во Париз“ сместена на островот Сите, формиран на реката Сена, кој е најстариот дел од Париз. Прошетка низ Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеонот, посета на Луксембуршките градини.
Попладне препорачуваме прошетка по познатата шопинг улица Риволи. Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден / 07.02 ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.20, пристигнување во 13.00 часот.
Цена за рана уплата до 21.01:
329€ / 20.400 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
429€ / 26.600 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена: