Нови Сад со Белград

Нови Сад е прекрасно место каде што ќе уживате  во парковите и во стариот дел на градот, чија што архитектура потсетува на австро-унгарското владеење и никако немојте да ги пропуштите најинтересните места и објекти, кои мора да се видат.. 1 ден           Состанок на групата во 04:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување […]

29th September, 2021

Нови Сад е прекрасно место каде што ќе уживате  во парковите и во стариот дел на градот, чија што архитектура потсетува на австро-унгарското владеење и никако немојте да ги пропуштите најинтересните места и објекти, кои мора да се видат..

1 ден          

Состанок на групата во 04:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 05:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан ,можност за посета на шопинг mall , Слободно време за кафе, ручек или индивидуален избор. Во договорено време тргнување за Нови Сад.

Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора.

По пристигнување во Нови Сад, се упатуваме на мал разгледа на градот со посета на некој од главните обележја на самиот град.Слободно време Сместување во Хотел во Нови Сад. Ноќевање

2 ден     

Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на градот и  разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор – најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време. Во договорено време упатуваме на ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот.Слободно време. Враќање во Хотел. Ноќевање

3 ден

Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Поаѓање кон Македонија , со попатна посета на шопинг центар  Слободно време.Поаѓање за Скопје. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ СО ПОПУСТ  99 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 евра

Цената вклучува:                                                                                                                                                                  

* превоз на наведената релација

* 2 ноќевање со појадок во хотел    во Нови сад

* Разглед на Белград

* Разглед на Нови Сад

* Посета на „шопинг центар“

* Организација на аранжманот со лиценциран придружник – пратител на групата

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1 еврo) – 62 денари по лице по ноќевање  (задолжително во агенција)

* Патничко-здравствено осигурување

* Традиционален ручек на Салаш

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

*  НАПОМЕНА:  може да се патува и со лична карта !

Сподели:

Слични понуди

Instagram