Нова Година во Виена

1 ДЕН (30.12.’22 – петок) : Скопје – Приштина – Виена Состанок на групата на Дрводекор во 04:00 часот. Поаѓање за Приштина во 04:30 часот, со пристигнување на аеродром околу 06:30. Полетување за Виена во 08:30 часот, со очекувано пристигнување во Виена во 10:15часот. По обавување на царинските формалности, следува  разглед на градот со локален водич …Парламентот, […]

17th November, 2022

1 ДЕН (30.12.’22 – петок) : Скопје – Приштина – Виена

Состанок на групата на Дрводекор во 04:00 часот. Поаѓање за Приштина во 04:30 часот, со пристигнување на аеродром околу 06:30. Полетување за Виена во 08:30 часот, со очекувано пристигнување во Виена во 10:15часот. По обавување на царинските формалности, следува  разглед на градот со локален водич …Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)…сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН (31.01.’22 – сабота) ВИЕНА

Можност за посета на најголемиот шопинг центар во Австрија  SCS – Shopping City Süd, кој зафаќа површина од 176000 м2 и има над 330 дуќани. Слободно попладне за посета на предновогодишен базар.

 Можност да се почувствува празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца,  весела музика…

Слободно време за одмор и припрема за дочек на најлудата ноќ…индивидуално заминување за центарот на Виена…новогодишната еуфорија се чувствува несекаде, а градот е магично украсен воочи најлудата ноќ…

СРЕЌНА НОВА 2023.ГОДИНА!!!индивидуално враќање во Хотел.Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.’23 – сабота) ВИЕНА

Факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците…прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…посета и разглед на Божиќниот базар кој се наоѓа во дворот од дворецот. Слободно време за индивидуални активности и можност за уживање во првиот ден од Годината по сопствен избор.

 4 ДЕН (02.01.’23 – недела) : ВИЕНА-Приштина-Скопје. Одјавување од хотелот, и со организиран транфер се упатуваме кон аеродромот. Очекувано полетување за Приштина е во 06:40 часот, со очекувано пристигнување во 08:20 часот. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА за рани уплати : 399 еур   

Редовна цена  439 еур

Цената вклучува:

  • Трансфер Скопје-Приштина-Скопје
  • Авио превоз Приштина – Виена – Приштина; 
  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Виена
  • Организација и реализација на аранжманот;

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжителна Туристичка такса 3 еур по лице на ден ( се плаќа во агенција )
  • Појадок 12 еур по лице на ден  ( се плаќа во агенција )
  • Разглед на град Виена-  12 еур по лице ( се плаќа во агенција )
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици;
  • Патничкото осигурување;

Факултативи:

  • Замокот Шенбрун – 50 € по лице – (трансфер+влезница+водич – ); 
  • ШопингЦентар-18€  

*НАПОМЕНА : За изведување на факултативата, потребен е минимум од 15 патници.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Ноа Турс
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Сподели:

Слични понуди

Instagram