Нова Година во Болоња

30.12.21 1 Ден Скопје – Болоња Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 19:20 ч. , слетување во Болоња во 21:10 ч. Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање. 31.12.22. 2 Ден  Болоња Следува разгледот на градот најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската […]

17th November, 2022

30.12.21 1 Ден Скопје – Болоња

Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 19:20 ч. , слетување во Болоња во 21:10 ч. Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.12.22. 2 Ден  Болоња

Следува разгледот на градот најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.

Ги разгледаме најпознатите знаменитости на градот: базиликата San Petronio, Универзитетот, Due Tori, Палатата Банки (Palazzo dei Banchi), Палатата Нотаи (Palazzo dei Notai), Палататa Акурсио (Palazzo d’Accursio), Плоштадот Маџоре (Piazza Maggiore) и секако да се проба оригиналниот сос за паста кој го носи нејзиното име… Додека многумина брзаат во други италијански градови – Рим, Милано, Венеција… Болоња честопати е потценета. Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „Болоњезе“…

По завршување на разгледот остануваме во центарот каде може да ја почуствувате Новогодишната амтосфера на секој агол, во секое место, продавница и каде ќе имате можност да уживате во врвните специјалитет на градот. Индивидуално враќање во хотел.

Вечерта прослава на Нова Година во центар на градот, по плоштадите или по сопствен избор во некој од многубројните ресторани, барови. Индивидуално враќање во Хотелот Ноќевање.

01.01.22 3 Ден   Болоња – Фиренца – Болоња

 Се упатуваме кон Фиренца со локален трансфер (факултативно , со доплата), лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата.

Разглед на градот со локаен водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Слободно време за индивидуални прошетки.

Во договорено време враќање назад во Болоња. Ноќевање.

02.01.22 4 Ден    Болоња – Верона – Скопје

Се упатуваме кон Верона со локален трансфер  (факултативно со доплата) – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе.

Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.

По слободното време се упатуваме кон хотелот.

Го зимаме багажот и со трансфер се упатуваме кон аеродромот. Полетување за Скопје 21ч40. Слетување 23ч20

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за рана уплата 379 еур

Редовна цена  419 еур

Во цената е вклучено

–          Авио билет Скопје – Болоња – Скопје

–          Аеродромски такси

–          Рачен багаж до 8 кг со димензии 40x30x20

–          Трансфер аеродром – хотел – аеродром

–          3 ноќевања  во Болоња

–          Пратител од агенција

Во цената НЕ е вклучено:

–          Појадок во Хотел –  10 еур на ден по лице ( се плаќа во агенција )

_          Разглед на Болоња со локален водич

_          Факултативна посета на Верона  + разглед  40 еур ( се плаќа во агенција )

–          Факултативна посета на Фиренца + разглед со локален водич –  45 еур  ( се плаќа воагенција)

–         Задолжителна  Туристичка такса 3 еур по лице на ден ( се плаќа во агенција )

–          Здравствено осигурување

–          Чекиран багаж

–          Влезници за локалитети и карти за јавен превоз

–          Индивидуални трошоци

Напомена : Пријавување на факултативи во агенција.За реализација на истите потребно минимум 10 пријавени патници

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Ноа Турс
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Сподели:

Слични понуди

Instagram