Ниш со шопинг во Приштина

1 ДЕН 23.10 : СКОПЈЕ – (Малча) НИШ Состанок на групата на дрводекор. Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во винарија Малча која се наоѓа на само неколку километри од Ниш, која датира уште од 1903г. Предвидено време за разглед на винаријата и појадок. Оваа винарија […]

30th September, 2021

1 ДЕН 23.10 : СКОПЈЕ – (Малча) НИШ Состанок на групата на дрводекор. Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.  Пристигнување во винарија Малча која се наоѓа на само неколку километри од Ниш, која датира уште од 1903г. Предвидено време за разглед на винаријата и појадок.

Оваа винарија претставува единствена синтеза на повеќевековни видови на вина. Сите љубители на виното или на историјата на виното ќе можат да го доживеат оваа патувањениз винското време со посета на 4те вински куќи од четири различни временски епохи и можност  да го запознаете негувањето на сите нивни вина.

Во договорено време заминување за Ниш. Пристугнување во градот Ниш околу13ч00 .
 Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиотимператор Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км.

Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.

Слободно време за прошетка и разглед на Ниш и Нишката тврдина, односно неговите знаменитости, прош етка по плоштадот, можност за шопинг во познатите продавници како H&M, Zara, Pull&Bear… можност за ручек во некој од многу рестораните или пак во MC’Donalds.

Слободно време за прошетка, кафе, вечера или слободни активности во Ниш. Сместување.

2 ДЕН 24.10  НИШ – ПРИШТИНА

Појадок. Заминување во Приштина. Следува слободно време за разглед на градот со можност за кафе, прошетка или активности по сопствен избор во центарот на градот Приштина. Во договор време се упатуваме кон ALBI MALL, еден од најопремените, најмодерните шопинг центри во Приштина, каде ќе може да уживате во поволните цени кои ги нуди овој мол и да се подновите со некое парче од многубројните европски и светски познати продавници

GUESS, TOMY HILFIGER, MANGO, ZARA, NIKE, REPLAY, SPRINGFIELD, WOMEN SECRET и многу други.

Во договорено време заминуваме за Скопје, Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжман        49 евра

Во цената е вклучено :

  • Превоз со автобус или мини бус на релација Скопје –Ниш – Приштина–Скопје
  • Посета на винарија Малча
  • Посета на Град Приштина и ALBI MALL
  • 1 ноќевања со појадок во Ниш
  • Лиценцирантуристички водич/придружник за време на целото патување

Во цената не е вклучено :

  • Задолжително патничко осигурување
  • Сите индивидуални трошоци
Сподели:

Слични понуди

Instagram