Кипар 8ми Март

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови […]

17th September, 2022

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови..

На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски.

Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.

1 ден: (04.03 – сабота) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА – КИПАР

Состанок на групата на Дрво декор во 01:00. Тргнување кон аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:15 ч. Пристигнување во Ларнака во 11:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување.

 Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа. Со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака е ,,душатана Кипар.

Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав  и како град и како ресорт. Разглед на градот Ларнака каде ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата во Ларнака. Потоа се посетува центарот на градот како и  црквата Св.Лазар. Впрочем, овој храм не е само лоциран во срцето на Ларнака,но се смета за најубав на островот. Покрај тоа, не е никакво место да се додаде дека е тука дека до денес се чуваат моштите на Лазар, кои, според библиските приказни, Исус Христос воскреснал. Слободно време за кафе, ручек или пак коктел покрај многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег.Слободно време. Ноќевање.

2 ден: (05.03– недела) –  НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео.Градот е разделен на два дела. Северниот дел се наоѓа во Турска , Република Северен Кипар.Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија.Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија.

Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во хотел. Слободни активности. .Ноќевање.

3 ден: (06.03 – понеделник) – ЛАРНАКА –СОЛУН- СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 04:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун е во 06:10 часот. Пристигнување во Солун во 08:25 часот локално време.

По слетувањето се упатуваме кон центарот на Солун каде ќе можете да уживате покрај морето и да се напиете кафе, да се почастите ручек или пак да си направите мини шопинг тура. Во попладневните часови заминување за Скопје, Пристигнување во вечерните часови

РАНА УПЛАТА – 239 евра       

РЕДОВНА ЦЕНА – 339 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
  • Трансфер на релација Скопје-Солун-Скопје
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел  на база ноќевање со појадок – Sun Hall Beach Appartments
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)– 2.400 денари за двата правца
  • Туристичка такса –  (2 еврa по ноќ по лице)
  • Факултативна посета  на  Никозија со пратител и трансфер – 30 евра
  • Патничко осигурување  250 денари

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Сподели:

Слични понуди

Instagram