КИПАР е островска држава во Средоземното море, четврт остров по големина после Сицилија, Сардинија и Корзика. Потеклото на името има повеќе толкувања: грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, кану – kypros или латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите […]
29th August, 2024
КИПАР е островска држава во Средоземното море, четврт остров по големина после Сицилија, Сардинија и Корзика. Потеклото на името има повеќе толкувања: грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, кану – kypros или латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови, а летата се топли, со просечна темп. од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република – Северен Кипар, а поголемиот дел од градот припаѓа на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа. Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.
1 ден (11.10 – ПЕТОК) : СОЛУН – ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во Солун во 18:00 ч. планирано полетување за Ларнака во 21:35ч. Пристигнување во Ларнака во 23:35ч, организиран трансфер до хотелот. (доколку сте со организиран трансфер од Ноа Турс до аеродром во Солун, тргнување во 02:00ч со прошетка и шопинг во Солун)
2 ден (12.10 – САБОТА): ЛАРНАКА
Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес, црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.
3 ден: (13.10 – НЕДЕЛА) – АЈА НАПА – НИСИ БИЧ
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа, а потоа на плажата Nissi Beach, прогласена за втора најубава плажа во светот.
Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во залив, денес е престижен туристички центар. Познат е како „втора Ибица„ за сите кои сакаат спортови на вода и активен ноќен живот, бројните ресторани, барови и дискотеки работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км на која пристигнуваме и можност за уживање во една од најубавите плажи во светот. Враќање во хотел во вечерните часови.
4 ден (14.10 – ПОНЕДЕЛНИК): НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА – СОЛУН
Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во Ларнака. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 17:45 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун е во 19:25 часот. Пристигнување во Солун во 21:35 часот локално време.
РАНА УПЛАТА – 269 евра по лице (до 30.08.2024) РЕДОВНА ЦЕНА – 319 евра по лице
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомени