ИСТАНБУЛ

ИСТАНБУЛ Царската престолнина на два континенти                                                                                                   […]

17th November, 2021

ИСТАНБУЛ

Царската престолнина на два континенти

                                                                                                                                    Автобус 4 дена/ 2 ноќевања                                                                                                                                                                                                                                       

30 Декемри (четврток)                                СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

31 Декември (петок)                                    ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија, Капали Чаршија… Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме факултативно, возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел. Дочек на Нова Година на еден од најатрактивните плоштади во областа Фатих… Ноќевање.

01 Јануари (сабота)                                       ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Пешачка тура во Срцето на Истанбул –  Византиски Истанбул, каде што ќе може да се слушне приказната за  Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул – Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија – изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните… Посета на Капали Чаршија – затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Во вечерните часови факултативно, предагаме посета на национален ресторан на брод, богат со фолклорна програма, танчерки, анадолски танци, казакстански танци, со турско мени и неограничено пиење… Ноќевање.

02 Јануари (недела)                                   ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА – ПЈЕР ЛОТИ-СКОПЈЕ

Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, ќе се види Вселенската Патриаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул, светиот храм “Св. Ѓорѓија”. Факултативно, посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и највкусното Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Хатиџе… Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни  паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

За рана уплата до 27.11   Цена на аранжманот: 6.140 денари (99 евра)

РЕДОВНА ЦЕНА : 6.760 денари (109 евра)

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Gold 3* во Истанбул, на база 2 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија, Капали чаршија…
  • Посета на Вселенска патријаршија
  • Посета на трговски центар ‘’Форум’’
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Панорамски разглед на Истанбул 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција 20 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај  (водич, влезница) 30 евра
  • Пјер Лоти (влезница, водич) 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба 2.600 денари
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомени: 

Организиран трансфер од: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Неготинои, Велес… со доплата 1200 ден. од лице (доколку има минимум 6 патници заинтересирани за трансфер)

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на патувањето

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.

Т.А. Ноа Турс го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Задолжително за влез во Грција, Турција и по враќањето за влез во Македонија потребно е патниците да поседуваат сертификат за вакцина или пак да приложат негативен ПЦР или Рапид тест.

Сподели:

Слични понуди

Instagram