Вила Авра – Сарти

Положба:  Вила „Авра“ се наоѓа во стариот, централен дел на Сарти. Оддалечена е околу 50 метри од плажа/ море. Содржини:  Студијата и апартманите имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима(се доплаќа во објектот), бесплатен интернет, тераса. Во приземјето на вилата има ресторан. Положба: Вила „Авра“ се наоѓа во стариот, централен дел на Сарти. Оддалечена […]

1st June, 2021

Положба:  Вила „Авра“ се наоѓа во стариот, централен дел на Сарти. Оддалечена е околу 50 метри од плажа/ море.

Содржини:  Студијата и апартманите имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима(се доплаќа во објектот), бесплатен интернет, тераса. Во приземјето на вилата има ресторан.

Положба: Вила „Авра“ се наоѓа во стариот, централен дел на Сарти. Оддалечена е околу 50 метри од плажа/ море. Содржини: Студијата и апартманите имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима, бесплатен интернет, тераса

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
30.5-6.678935
6.6-13.6710935
13.6-20.6713935
20.6-27.6715935

Cезонски цени

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1/2 СТУДИО1/3 СТУДИО1/4 АПАРТМАН1/5 АПАРТМАН
27.6-6.79415495535555
6.7-15.79455515590615
15.7-24.79475535620645
24.7-2.89475565620645
2.8-11.89475565620645
11.8-20.89475565620645
20.8-29.89445545580605

Вонсезонски цени

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
29.8-5.9715935
5.9-12.9712935
12.9-19.9710935
19.9-1.10129935

Напомени и услови:
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз (плаќаат најмалку две лица). Патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1860 мкд. (30 евра)    /  Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Ноа Турс“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Ноа Турс“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „Ноа Турс“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Ноа Турс“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Ноа Турс“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Ноа Турс“ и на самата агенција.
Сподели:

Слични понуди

Instagram