Велигден во Волос

Ново

Велигден во Волос за 199€

Повеќе детали

Повеќе информации

1 Ден (26.04 - петок)
Состанок на групата во 02:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање кон Волос во 02:30 часот, се патува преку граничен премин Богoродица, со паузи за царински формалности и одмор. Попатна посета на една од најстарите и најубавите цркви во Грција Agia Paraskevi. Локалното население уште ја нарекува и Библија. Камената црква – пештера традиционално е изградена во карпа во подножјето на планината Олимп. До црквата Agia Paraskevi се пристигнува преку поставен висечки мост над реката Пиниос. Продолжување на патувањето,пристигнување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечера во ресторанот на хотелот со уникатен поглед на целиот залив. Ноќевање.


2 Ден (27.04 - сабота)
Појадок. По појадокот факултативна посета на Скијатос со брод. Уникатно доживување при посета на островот, тргнување од селцето Катаѓорѓи кое се наоѓа на полуостровот Пелион, обиколка на островот со брод, посета на неколку плажи по кои островот е познат. Прошетка низ градот Скијатос, улицата Пападијаманти, Старото и Новото Пристаниште, Црквата Панагиа Лимниа... слободно време за ручек и прошетка низ градот. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Во вечерните часови посета на црква со свечена Велигденска литургија. Враќање во хотел, организирана свечена вечера. Ноќевање.


3 Ден (28.04 - недела)
Појадок. Организирана посета на локалната црква која има свечена литургија во претпладневните часови. Враќање во хотелот на свечен Велигденски ручек. Слободно попладне. Ноќевање.

4 Ден (29.04 - понеделник)
Појадок. Напуштање на хотелот околу 10 часот. Посета на Волос, разглед на градот, можност за шопинг и слободни активности. Околу 15 часот поаѓање за Скопје. Патувањето продолжува со попатни паузи и пауза на FREE SHOP. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

(можност за 5 ноќевања 26.04 - 01.05)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра (12.338ден.)


Цената вклучува:
* Автобуски превоз на наведената релација
* Сместување во хотел со 4*, на база 3 ноќевања со појадок и вечера
* Организација на аранжманот со лиценциран придружник - пратител на групата
* Свечена Велигденска вечера на 27.04
* Свечен Велигденски ручек- скара (јагнешки специјалитети) 28.04


Цената не вклучува:
* Туристичка такса ( 1,50 евра ) - 93 ден. по лице по ноќевање
* Патничко здравствено осигурување - 120 ден
* Индивидуални трошоци
* Дополнителни 2 ноќевања (29.04 и 30.04) - 90 евра по лице