Велигден во Истанбул зголеми

Велигден во Истанбул

Ново

Велигден во Истанбул за 129€

Повеќе детали

Повеќе информации

1 ден (25.04 - четврток) Состанок на групата во 15:30 часот на паркингот спорти Holiday Inn.Поаѓање во 16:00 часот. Се патува преку граничен премин Богодорица, Грција, Турција ...со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (26.04 - петок) Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Универзитетот Бејазит – еден од најстарите универзитети, Капали чаршија,Лалели, Аксарај, Римскиот аквадукт, Пера Палас хотелот (местото каде Агата Кристи го напишала познатиот роман Ориент експрес), стадионот на Бешикташ, Долма Бахче сарајот, Таксим...слободно време за ручек и прошетка по познатата пешачка улица Иштиклал џаде. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта прошетка до еден од најстарите безистени Ташан на турско чајче или наргиле.Ноќевање.

3 ден (27.04 - сабота) Појадок. По појадокот факулативна посета на Отомански Истанбул: Хиподромот - во минатото се користел за коњски трки, Сината џамија - една од најголемите џамии во светот и еднинствена џамија која има 6 минариња во Турција , Аја Софија – изградена како црква во владеењето на Византискиот цар ,,Црква на Светата мудрост”, подоцна Османлиите ја претвораат во џамија за да денес е музеј и еден од најпосетуваните објекти како во Турција така и во светот.Палатата Топ Капи – Османлиската резиденција, главен административен центар за време на нивното владеење, каде се одвивал целокупниот живот на Султанот, неговото семејство и неговите поданици. Во склоп на Топ Капи палатата се наоѓа и Харемот. Враќање пешки до хотелот преку Капали чаршија, со слободно време за шопинг. Ноќевање.

4 ден (28.04 – недела) Појадок. Факултативно предлагаме посета на Долма Бахче палатата – првиот дворец изграден во европски стил во 19 век, а служел како резиденција на султанот. Од 1922 година во него живеел и работел Кемал Ататурк. Луксузен дворец со уметнички збирки од непроценливо богатство кои може да ги видите и во машкиот дел – Селамлик и во женскиот дел од дворецот – Харемот. Долма бахче сарајот денес е музеј кој навистина вреди да се посети. По посетата Ве одиме на незаборавно крстарење по Босфор. По крстарењето посета на Цариградската партијаршија и пазарот на зачини. Слободно време. Враќање во хотел. Факултативно - турска вечера со традиционални стомачни танци во ориентален стил. Ноќевање.

5 ден (29.04 – понеделник) Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за шопинг и посета на еден од најубавите аквариуми во Европа во шопинг центарот ,,Форум”. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности...

6 ден (30.04 – вторник) Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 129 евра (7.998 денари)

Цената вклучува:
* Автобуски превоз Скопје-Истанбул-Скопје
* Панорамски разглед на Истанбул
* 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
* посета на шопинг центарот ,,Форум Истанбул”

Цената не вклучува:
* Патничко - здравствено осигурување – 150 денари
* посета на Аја Софија – 15 евра (влезница, локален водич)
* посета на Топ Капи палатата – 15 евра, посета на харемот во Топ капи платата – 10евра
(влезница, локален водич)
* посета на Долма Бахче Сарајот со харемот – 35 евра (влезница , локален водич)
* крстарење по Босфор – 20 евра
* Турска вечер во национален ресторан – 35 евра

Напомени:
* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 пријавени патници.
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање
* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање.

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО

*Искористете ја ексклузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка