Велигден во Белград и Нови Сад

Ново

Велигден во Белград и Нови Сад за 95€

Повеќе детали

Повеќе информации

”Градот кој не спие” Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Има прекрасни ресторани, барови и ноќни клубови како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, ентузијастичкото домашно население придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

1 ден (27.04 - сабота) Состанок на групата во 02:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 03:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан, ридот Топчидер (стадионите на Црвена звезда Партизан). Сместување вo хотел. Во вечерните часови организирано Ве носиме во црквата Св.Сава на свечена Велигденска литургија. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (28.04 - недела) Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад и разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор - најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Посета и можност за шопинг во најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови – GUESS,NINE WEST,TOMMY HILFIGER… Враќање во Белград во попладневните часови. Вечерта можност за прошетка низ центарот на Белград. Ноќевање.

3 ден (29.04 - понеделник)
Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на „ИКЕА“. Слободно време до 14:00 часот. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 95 евра (5.890 денари)

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на наведената релација

* 2 ноќевања со појадок во ботел Compass River city 3* - https://compassrivercity.com

* Разглед на Белград

* Посета на „ИКЕА“

* Организација на аранжманот со лиценциран придружник - пратител на групата

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1.50 евра) - 93 денари по лице по ноќевање (задолжително во агенција)

* Патничко-здравствено осигурување - 120 ден

* Факултативна посета и разглед на Нови Сад со стручен локален водич и попатна посета на шопинг центар Инџија (15 евра)

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО ! (МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО ЛИЧНА КАРТА)

*Искористете ја ексклузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка (формулари за нови картички во агенција)