Софија - 9ти и 10ти Март

Ново

Софија - 9ти и 10ти Март за 95€

Повеќе детали

Повеќе информации

„Градот кој расте, а не старее“

Софија е динамичен град кој постојано се развива во голема метропола. Градот има модерен, младешки изглед со богат културен живот. Во него се расфрлени цркви со златни куполи, отомански џамии, прекрасни музеи и споменици кои даваат еклектичен, егзотичен впечаток. Хотел Хилтон 5* со сигурност ке ги разгали вашите сетила.

1 ден (09.03 - сабота)

Поаѓање од Скопје во раните утрински часови. Се патува преку граничен премин Деве баир со попатни паузи за одмор и царински формалности. Панорамски разглед на Софија: храмот на Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, булеварот Цар Ослободител со бројните резиденции, Собранието и Академијата на науките, Царскиот дворец, театарот Иван Вазов...

Посета на Paradise Centar (еден од најголемите шопинг центри на балканот со многу марки и брендови, забава, атракции). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативно организирана свечена вечера во ресторан. Ноќевање.

2 ден (10.03 - недела)

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на шопинг центарор Ring Mall, IKEA и Decathlon.

Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на наведената релација

* Панорамски разглед на Софија

* Едно ноќевања со појадок на богата шведска маса во Хотел Хилтон 5* www.sofia.hilton.com

* Користење на Спа услуги во Health Club Hilton (сауна, парна бања, внатрешен базен, фитнес сала)

Цената не вклучува:

* Туристичка такса 124 денари (2 евра) по лице по ноќ ( плаќање во агенција )

* Патничко - здравствено осигурување – 120 денари

* Факултативно организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци – 23 евра

* Факултативна посета на шопинг центарот Ring Mall, IKEA и Decathlon – 620 денари (10 евра)

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 пријавени патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО

*Искористете ја ексклузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка

Почувствувајте го гламурот и раскошот кој го нуди хотелот Хилтон, во срцето на Софија наспроти конгресниот Центар и во близина на Катедралата Александар Невски. Почувствувајте се како дома во прекрасните модерни соби декорирани во смирувачки тонови, опуштете се и уживајте во сензуалниот Спа центар Hilton Health Club и препуштете се на различни видови третмани како во спа центарот така и во фризерското студио и студиото за убавина.

*ИКЕА нуди широк спектар на добро дизајниран функционален мебел за опремувањена вашите домови и канцеларии со висок квалитет и по пристапни цени. http://www.ikea.bg/

*Ring Mall е најголемиот трговски центар на Балканот во кој има неколку стотици продавници со над 400 брендови. Во овој трговскиот центар можете да уживате во најголемата затворена картинг патека. http://www.sofiaring.bg/

*Decathlon е еден од најголемите и најпознати шопинг центри во светот кој е специјализиран за продажба на спортска опрема и нуди производи на повеќе од 60 спортски брендови. http://www.decathlon.bg/