Острошки манастир и Будва

Ново

Повеќе информации

Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.

1 ден (29.03 - петок) Поаѓање во 23:30 ч. од паркингот кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем (состанок на група во 23:00 ч.). Ноќно патување преку Косово и Албанија (може да се патува со лична карта).

2 ден (30.03 – сабота) Пристигнување на Острошки Манастир околу 10:00 ч. Сместување во конаците или дворот на манастирот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (31.03 – недела) Напуштање на манастирот во 9 часот и посета на Будва. Индивидуален разглед и прошетка низ градот. Во 14 ч. тргнување за Скопје.

Цена на аранжманот: 1600 денари по лице

Цената вклучува: 

* Превоз на наведените локации
* Едно ноќевање во конаците на манастирот (за ноќевање во долните конаци се плаќа на лице место 5 евра од лице)
* Посета на Будва

Цената не вклучува:

* Туристичка такса 1 евро
* Патничко осигурување