Милано од 15-ти до 18-ти Март

Ново

Милано од 15-ти до 18-ти Март за 159€

Повеќе детали

Повеќе информации

Милано е главен град на модата и град чија култура привлекува милиони туристи годишно. Приказните за поранешната слава на моќната Миланска династија, познатите тенори на познатата опера Ла Скала , прекрасниот Дуомо и разните обичаи се само некои од работите што го прават градот толку посебен. Милано е домот на двајца фудбалски гиганти Интер и Милан, рај за модни дизајнери, место каде Леонардо да Винчи го создаде своето ремек-дело „Тајната вечера“

1 ден (15.03 - петок) Состанок на групата во 15:30 часот на паркингот спроти Holiday Inn. Поаѓање во 16:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија, Италија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (16.03 - сабота) Пристигнување во Милано после пладне. Сместување во хотел. По краток одмор предлагаме прошетка низ центарот на Милано со пратител и локален превоз. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (17.03 – недела) Појадок. Слободен ден или предлагаме факултативен разглед на градот со локален водич: замокот Сфорцеско, плоштадот Дуомо и преубавата катедрала Дуомо, Миланската скала, монденската улица Спига со препознатливите светски брендови на бутици, уживајте во луксузот со кој плени галеријата Galleria Vittorio Emanuele - симболот на модата во Милано која го одзема здивот со својата царска градба. Слободно време и можност да пробате некој од италијанските специјалитети или да уживате во превкусните голтки на италијанското вино или кафе. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (18.03 - понеделник)

Напуштање на хотелот во утринските часови. Попатна посета на шопинг центарот Franciacorta Outlet Village. Во договорено време поаѓање за Верона. Попатна посета на Верона. Се патува преку Словенија, Хрватска, Србија... со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€ (9858 денари)

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

* 2 ноќевања со појадок во хотел 4*

* Попатна посета на Franciacorta outlet village

* Попатна посета на Верона

Цената не вклучува:

* Туристичка такса во Милано

* Здравствено-патничко осигурување – 180 денари

* Разглед на Милано со локален водич – 10 евра

* Задолжителна посета на Верона - 5 евра

Напомени:

* За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се

доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Организаторот на патувањето го задржува правото на измени во редослдеот на програмата во

случај на непредвидени објективни причини како што се; доцнење на лет, гужва во сообраќај,

штрајкови, затворени локалитети и сл.

* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА

ПАТУВАЊЕТО !

* Искористете ја екслузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка (формулари за нови картички во агенција)