8-ми Март во Љубљана

Ново

8-ми Март во Љубљана за 159€

Повеќе детали

Повеќе информации

„Град по мерка на човекот„
Љубљана – или „градот по мерка на човекот“ е град кој ќе Ве успори од хаотичниот ритам на живот, а од друга страна преубавиот архитектонски колорит ќе направи да се чувствувате дека се движите од еден во друг град. Иако е град со помалку од 300.000 жители, кој без проблем можете да го шетате пешки или со велосипед, сепак не е за потценување. Токму напротив, со прошетка низ Љубљана Ви се пружа можност да го почувствувате лесниот ритам на живот со кој овој град се одликува. Нема гужва во сообраќајот, нема галама, нема нервозни луѓе, едноставно нема хаос. Целиот живот се одвива беспрекорно мирно. Можеби поради својата местоположба ги поседува најдобрите квалитети за мирен живот.


1 ден (07.03 - четврток)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn (поранешен Дрводекор) во 18:00 часот. Поаѓање во 18:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце кон Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатну паузи за одмор и царински формалности.


2 ден (08.03 - петок)
Пристигнување во Загреб во утринските часови. Слободно време за појадок и прошетка низ центарот на Загреб. Во договорено време поаѓање кон Љубљана. Пристигнување во Љубљана во попладневните часови. Разглед на градот со локален водич. Прошетка по Прешерновиот плоштад, кој го добил името по познатиот словенски поет Франц Прешерн, кој всушност претставува срцето на градот. Посета на франската црква која се наоѓа на истиот плоштад и е најпосетената црква во Љубљана. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.03 - сабота)
Појадок. Поаѓање кон Трст со попатна пауза. Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Разглед на градот: Каналот Гранде, Ponte Rosso, Црквата Св. Спиридон, Плоштадот Обединета Италија... Слободно време. Посета на Бата outlet. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

4 ден (10.03 - недела)
Појадок. Напуштање на хотелот во утринските часови. Слободно време.
Во договорено време поаѓање за Скопје. Се патува преку Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цената вклучува:
* Автобуски превоз на релација Скопје – Љубљана – Трст – Скопје
* 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Љубљана
* Организација и водство на програмата со лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:
* Туристичка такса (3,50 евра) – 217 денари по лице по ноќевање (задолжително во агенција)
* Патничко-здравствено осигурување – 180 денари
* Факултативна разглед на Љубљана со локален водич – 10 евра
* Посета на национален ресторан со свечена вечера – 30 евра
* Факултативен разглед на Трст со локален водич – 15 евра

Напомени:
* За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се
доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање (освен за синдикат)
* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

* НАПОМЕНА: ПАСОШОТ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО !!!


*Искористете ја екслузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка (формулари за нови картички во агенција)